Колачите по кои често посегнуваме, освен поради вкусот, не привлекуваат и поради состојките кои го креваат расположението, создавајќи на тој начин зависност од благо.
Шеќерите од купечките колачи со низа засилувачи, доколку долгорочно ги консумираме, имаат лошо влијание врз нашето здравје. Можеме да ги замениме со производи кои содржат природно здрави шеќери што ја одложуваат желбата за благо.
Смокви
Кога нема свежи смокви, можете да ги консумирате и во сув облик. Нивната содржина ја чинат бројни витамини и минерали од кои најзастапени се магнезиумот и витаминот Ц. Смоквите го чистат метаболизмот со што се ослободуваме од масните наслаги, а освен тоа лачат инсулин кој влијае врз нивото на шеќер во крвта.
Домати
Црвената сочна пулпа би требало да се најде во секојдневната употреба во кујна било во свеж или во пасиран облик. Доматите содржат високо ниво на триптофан, аминокиселина која телото ја претвора во серотонин, освен тоа еден од позастапените минерали во нивната содржина e хромот кој ја намалува жедта за храна и успешно го регулира нивото на глукоза и холестерол во организмот.
Јаболки
Тие се најдостапно овошје и се одлична замена за благо. Изобилуваат со влакна и здрави јагленохидрати кои создаваат чувство на ситост и ги задоволуваат потребите на телото за благо.
Цимет
Овој миризлив зачин не мора нужно да биде само состојка во колачи со оглед на тоа што ги спречува наглите промени на нивото на глукоза во телото одложувајќи ја потребата за благи залачиња. Циметот може да се стави врз овошна салата или да се помеша во лимонада. На овој начин телото ќе се снабди со здрава замена за благо.
Сладок компир – Батат
Слатките компири се една од најпосакуваните намирници во кујната заради мноштвото минерали, нискиот гликемиски индекс и изобилието од диетални влакна.
Токму благодарение на нискиот гликемиски индекс тие ја забавуваат апсорпцијата на глукоза, пролонгирајќи ја на тој начин потребата за благо.
Може да се приготви како пире, чипс или како состојка во ладни салати.