5 чудни симптоми дека имате недостаток на витамини

Кога вашето тело се обидува да ви каже нешто, тоа го покажува на доста чудни начини. Денешниот начин на исхрана може лесно да доведе до недостатоци на витамини во организмот, без разлика дали јадете соодветна храна или пак поради проблеми со варењето не доаѓа до нивна асорпција. Тоа не значи дека ќе се разболите, но може да се соочите со одредени здравствени проблеми, бидејќи витамините се многу важни за сите биохемиски реакции во организмот. Тие ви се потребни за правилно функционирање.

Woman shopping in produce department

Еве пет необични знаци на предупредување дека ви недостигаат витамини:

Пукнатини на аглите од усните

● Ви недсотигаат: железо, цинк, витамини од Б групата, како што се нијацин (Б3), рибофлавин (Б2) и Б12.

● Решение: Јадете повеќе пилешко и мисиркино месо, туна, јајца, блитва, кикирики и мешункасти плодови. Витаминот Ц ја подобрува асорпцијата на железо, па наведените намирници комбинирајте ги со брокула, кељ, карфиол или пиперки.

Црвена иритација на лицето, лупење на кожата и опаѓање на косата

● Ви недостига: биотин, познат како витамин за косата.

● Решение: потребно е да јадете тврдо варени или пржени јајца, лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, јаткасти плодови, малини и банани.

Црвени или бели израстоци кои личат на акни

● Ви недостигаат: есенцијални масни киселини и витамини А и Д.

● Решение: Зголемете го внесот на здрави масти. Консумирајте повеќе јаткасти плодови, како што се бадеми, ореви и семки. За да го зголемите внесот на витаминот А, јадете повеќе зелен зеленчук, моркови и пиперки. Што се однесува на витаминот Д, внесувајте повеќе млечни производи или користете додатоци во исхраната кои го содржат овој витамин.

Пецкање и кочење на рацете, стопалата или други делови

● Ви недостигаат: Витамини од Б групата, како што се фолна киселина (Б9), Б6 и Б12.

● Решение: Во овие случаи можат да ви помогнат: спанаќ, шпаргли, цвекло, грав и јајца.

Грчеви во мускулите во облик на болки

● Ви недостигаат: Магнезиум, калциум и калиум

● Решение: Јадете повеќе банани, бадеми, лешници, јаболки, грејпфрут, брокула, ќељ и спанаќ.