Има и такви: Десерти кои можете да ги јадете и ако држите диета

Обожавате слатки намирници, но сепак сакате да се храните здраво? Ако мислите дека тоа е невозможно, грешите!

blago

Еве 4 здрави намирници, и вкусни секако, а кои ќе ја задоволат вашата потреба за шеќер!

1. Пудинг

Едноставен и делотворен начин да ја задоволите потребата од слатки. Пудингот е некалоричен десерт, особено ако не станува збор готов  со додаток на шеќер, туку оној во прав кој сами треба да го направите. Во него додајте малку мед, парчиња темно чоколадо и ќе добиете вкусен десерт со минимум калории!

2. Печени јаболка

Наместо во колачи, јаболката можат да бидат многу вкусни и во „соло варијанта“. Ставете ги во рерна, а на крај посипете ги со малку шеќер и цимет или прелијте ги со мед… Прекрасен, а здрав и нискокалоричен десерт.

3. Микс јаткасти плодови

Измешајте малку темно чоколадо и суви смокви или кајсии со бадеми или ореви, и ќе добиете хранлив и здрав оброк. Но, оваа „ужина“ е и многу калорична, па внимавајте на количината.

4. Домашен сладолед без млеко

Потребна ви е само банана, која претходно ќе ја измиксате во блендер со малку вода, а потоа ќе ја ставите во фрижидер за замрзнување на неколку часа. Може да додадете малку какао – и ете десерт во кој сигурно ќе уживате.