Брзи вежби за ослободување од стресот

Под стрес телото неможе да се опушти, а чест симптом е несоницата и со самото тоа и пад на имунитетот. Редовното вежбање го намалува стресот и ги ублажува неговите негативни последици, а доволни се пет минутни лесни вежби во денот за да се ослободите од вишокот негативна енергија.

stress_meditacija

Пар лесни и брзи вежби за ослободување од стресот и поправање на расположението:

Вежба 1

Застанете исправено и исправете го грбот, подигнете ги рацете над главата и соберете ги. Држете ги рацете во таа позиција неколку секунди и спуштете ги до рамењата. Постапката повторете ја девет пати.

Вежба 2

Застанете исправено и полека голниот дел од телото свиткајте го на десно и подигнете ги рацете над главата. Со едната рака фатете ја другата околу зглобот и истегнете се девет пати. Повторете ја постапката така што ќе се свиткате на лево.

Вежба 3

Раширете ги рацете најмногу што можете и длабоко вдишете, а при издишување соберете ги рацете кон себе. Постапката повторете ја девет пати.

Вежба 4

Испрелетете ги дланките над главата и истегнете се. Потоа спуштајте го предниот дел од телото и главата до колената, со тоа што рацете ќе ви бидат над телото. Повторете ја постапката до девет пати.

Вежба 5

Ставете ја левата рака на срце, а десната на стомак и слушајте си го телото. Дишете длабоко и опуштете се. Сите овие вежби го јакнат имунитетот, ја поттикнуваат циркулацијата и варењето и делуваат смирувачко.