Deadpool во Кино Милениум

Ни претставува особено задоволство да најавиме четири премиерни проекции за неделава која следува.
Deadpool(foto)
Марвеловиот ДЕДПУЛ (DEADPOOL) следува од четврток(11.02.), во главниот термин (20:00 часот). Филмот во режија на Tim Miller, со Morena Baccarin, Ryan Reynolds, Gina Carano, T.J. Miller во главните улоги е вистинско освежување на кино-благајните, по сите „оскар-амбицирани” проекти кои ги изгледавме изминативе неколку месеци.
Од четврток(11.02.) на репертоарот на кино Милениум публиката ќе има можност да погледне и 2 нови комедии. Пародијата на очајно оценетиот „Педесет нијанси сиво”, ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ ЦРНО (FIFTY SHADES OF BLACK), во режија на Michael Tiddes, како и филмот КАКО ДА СЕ БИДЕ СОЛО (HOW TO BE SINGLE), во режија на Christian Ditter.
Уште еден новитет е детскиот МАЛИТЕ ВИЛЕНИЦИ ПИКСИ (PIXIES), во режија на Sean Patrick O’Reilly, со Alexa PenaVega, Bill Paxton, Christopher Plummer, Alison Wandzura во главните улоги.
Во прилог следува репертоарот на кино Милениум.