Македонија: Денес две блокади на патиштата – Еве каде

Синдикатот на „Југохром“ денеска ќе го блокира автопатот Тетово – Скопје кај наплатната рампа во Желино од 11 до 13 часот, информираат од АМСМ.

Од вчера, од 16.30 часот, на граничниот премин Евзони се поставени трактори, поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила, преку граничниот премин Богородица.

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по на места влажни коловози.

Извор: Мета.мк