Денес сите сме луѓе, ретко кој е човек!

marija_pЛојалност? Верност? Искреност? Чесност? Без маска на лице? Антидволичност? Солидарност? Хуманитарност? Почит? Колку души ги помнат овие зборови? Колку души ги користат овие зборови како свои наведени особини? КОЛКУ? 10 ОД 1000?

Шетам низ Скопјево и налетувам на едно те исто, слушам само приказни за нечии болни рани, слушам и приказни кои се налик на филмски драми. Се прашувам да сфатам, да разберам зошто светот е толку суров и нечесен, зошто е толку расипан и толку безосетен, толку бесчуствителен. Наместо да те бодрат, тие те толчат! Наместо да те мотивираат, тие се повеќе сакаат да те заринкаат во калта полна дилеми и заблуди. Денес луѓето се себични, денес луѓето се неморални, денес се се’ освен ЛУЃЕ!

Ја губиш надешта, ја губиш смислата за човечност, ја губиш смислата за солидарност и хуманост. А пред се’, смислата за почит и разбирање. Колку и да пробуваш да веруваш, секогаш се повредуваш се повеќе и повеќе, колку и да сакаш да го смениш мислењето за нечија подлост сметајќи дека тоа било само хир, само каприц и се обидуваш да се излажеш дека повеќе не е така, НЕ МОЖЕШ! ЗОШТО? Зошто истите тие гадови сеуште се обидуваат да ти напакостат, да те закопаат во жив песок, да те фрлат во оган, да те сотрат. Зошто? Зошто истите тие гадови не се способни да направат ниту пола од она што сте го направиле вие.

Сепак, човештвото има и позитивна страна. Секогаш кога сум демотивирана и крајно разочарана од постапките на некогашните мили и драги лицемерни суштества (не можам да ги наречам луѓе бидејќи се далеку од тоа, а ако ги наречам животни ќе ги навредам животните), има нешто што ми ја враќа позитивата, надешта! Тоа се на пример: добри пензионери кои ти отсапуваат место (не стануваат туку кога ќе се ослободи некое место, ти велат ти да седнеш) која е многу РЕТКА појава ама ја доживеав; автомобили кои иако не си на пешачки ти застануваат и ти дозвлуваат да поминеш иако можеш фино лепо да си почекаш на белата лента на сред булевар, гест кој и те како помага кога се брзаш за да не задоцниш; предобри работодавци кои те третираат како своја ќерка,а не како вол кој работи за слама; луѓе кои ти велат да си ги заврзеш подобро врвците за да не се сопнеш; луѓе кои му велат на шоферот да застане кога трчаш по автобусот ии ред други дешавки.

Карма или не. Господ гледа. Секој ќе го добие заслуженото, секој ќе го дочека очекуваното вака или онака, на овој или оној начин, во позитивна или негативна конотација. На хејтерите, лицемерните, безобразните, дрските, вулгарните, оние кои немаат свој живот би им препорачала еден ден да се свестат колку се назад со времето. Денес да си ЧОВЕК е пред се’! Денес да се биде ЧОВЕК е најтешкото нешто! Не ми е гајле дали ќе ме осудите по не знам кој пат, не ми е гајле ако ме навредите, ми кажете дека не знам да составам реченица, не ми е гајле ако не ве занимам, не ми е гајле ако ги труете другите со лаги за сите, не ми е гајле бидејќи за вас нема перспектива! Очекувате да бидете ценети после се’? Очекувате да бидете сакани после се’? Најтрагично е што сте сожалувани, што чекате туѓа милостина во вид на прератка уз лажна солза и лажни зборови. Ве жалам бидејќи сте назад со времето, назад со размислувањата. А што е уште полошо одите се поназад и поназад. Жал ми е, но да бевте бар малку луѓе, ќе ве наречев стока!

П.С  – Мојата колумна не е никаков говор на омраза! Оваа колумна е да допрам до валканите срца и смрдливите души на подлите личности. Не сакам никого да омразувам! Само сакам да почувствуваат барем малку грев на душа. Се надевам дека ќе слушнат и ќе се обидат барем малку да се подобрат. Не за мене, туку за сите бидејќи на крај краева сепак СМЕ ЛУЃЕ!

 

Марија Прличкова

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме).

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.