Направете домашна маска за лице од круша и мед со која ќе имате блескав и свеж изглед.
Потребни состојки:
- 1 круша
- неколку лажици мед
Подготовка:
- Потребно е да го измиете лицето со ладна вода, потоа да измешате круша и мед во блендер, и густата смеса да ја нанесете на лицето.
- Нека отстои околу 15 минути, па измијте го лицето со млака вода.
На овој начин ќе ја одржувате негата на вашата кожа на лицето, особено во зимските денови.