Овогодинешната програмата на музичкиот фестивал „Д фестивал” (15-17 јули) на изненадување на сите посетители ќе биде збогатена со специјалниот гостин еко-фестивалот „Саунд оф грин” (Sound of green) кој ќе придонесе во низата доживувања за незаборавно искуство.
Со фестивалот „Саунд оф грин”, во сабота (16 јули) на „Д Фестивал” ни доаѓаат и музичките групи Паркети, The red step, The Government, Самостални референти, Anna O. и Mетаноиа, кои ќе настапат на втората по големина фестивалска бина – Москито бината лоцирана во фестивалскиот камп. „Sound of Green” со досегашните четири изданија стана репрезентативен настан кој многумина со радост го чекаат и збиднување кое носи добри впечатоци и шири позитивни практики. Компаниската цел за подигнување на јавната свест, „Пакомак” ја манифестира преку поддржување на добрата музика и квалитетното дружење, развивање на пријателство и култивирање на фер однос кон животната средина. Петтиот по ред „Саунд оф грин” ќе се одржи на „Д Фестивал”, а „Пакомак” е воедно и еколошки партнер на сите настани и концерти во организација на „Пасворд Продакшн”. Овие две компании со заеднички напори се трудат добрите еколошки навики да станат дел од музичките збиднувања во Македонија, а еколошките активности секако ќе бидат дел и од годинешното издание на „Д Фествал” во Дојран.
Имено, во сабота, на „Москито” бината на „Д Фествал”, посетителите ќе бидат дополнително мотивирани да се вклучат во овие активности и со „Саунд оф грин”– Happy Hour кампањата, во чии рамки сите кои од 17:00 до 18:00 часот ќе донесат пет (5) празни лименки или чаши на пултовите на „Пакомак” ќе бидат наградени со гратис пиво. Ги повикуваме сите посетители на „Д Фестивал” да се вклучат во овие активности, додека едновремено уживаат во музиката, а ние ќе се погрижиме празните чаши и лименки да завршат на рециклирање.