Еве ги новите цени во сендвичарата „7ца“

Легендарниот ланец на фаст фуд сендвичарници „7“ има нови цени на сендвичите. Станува збор за зголемување на цените за 10 денари. Така, хамбургер или комбиниран сега се продаваат по цена од 140 денари, чизбургер 160 денари итн.

Екипа на Gotvi.mk била во една од сендвичарниците и се уверила во новите цени, но и во препознатливиот долг ред на луѓе кои чекаат да купат и да уживаат во вкусот на омилените сендвичи.

Тие разговарале со дел од купувачите кои им изјавиле дека „7ца“ има и понатаму одлична цена на своите производи, особено ако се земе во предвид големината на сендвичот, како и специфичниот и неодолив вкус.

Ова е прво покачување на цените на сендвичите после 4 години. До 2012 година хамбургерот се продаваше по цена од 120 денари, а од 2013 до почетокот на 2017 година по цена од 130 денари.

Целото мени и ценовник можете да го погледнете ТУКА

Инаку, fast food „7“ годинава ќе прослави 30 години од своето основање. „7ца“ има свои локации во скопските општини Центар, Аеродром и Карпош, како и скара ресторан спроти Т.Ц. Палома Бјанка во Скопје.

ФОТО: Fast food „7“

Преземено од: Gotvi.mk