Времето утре ќе биде сончево и тивко со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Дневната температура ќе се движи од 1 до 6 степени.
Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини.
В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата ќе има тенденција на пораст.
Временската прогноза за следната недела предвидува дневните температури да се искачат до 6 степени целзиусови со што веќе од утре се очекува топење на снегот низ цела Македонија.