Како карминот да трае цела вечер без да се размачка?

Сите вие веројатно сте се соочиле со овој проблем, карминот да го снема многу побрзо одошто сте очекувале и да се размачка токму тогаш кога не треба.

karmin

Професионалните шминкери проблемот го решиле на следниов начин:

1. Нанесете течна пудра на усните и со помош на памук или салфетка отстранете го вишокот,

2. Исцртајте ја устата со молив во иста боја со карминот што ќе го нанесете,

3. Направете корекции ако евентуално сте излегле надвор од контурите,

4. Обоете ја целата површина со помош на моливчето,

5. Нанесете пудра со помош на четка со цел да се постигне контраст и дополнително да ја коригирате контурата,

6. Нанесете кармин но не директно од опаковката, туку со помош на четка.

Вака нанесениот мејкап ќе трае најмалку 8 часа без да се размачка и без да се избрише.