Кои мажи не знаат како да ги задоволат жените?

Постојат мажи кои на прв поглед делуваат како афродизијак, но постојат и оние кои се уверени дека се апсолутно совршени, а притоа немаат идеја како да задоволат жена.

seks_greshki

Овие вторите најчесто ќе ги познаете по следниве работи:

1. Мислат дека знаат се за женското тело

А, реалноста е спротивна. Можеби знаат кој дел за што служи, но тоа не значи дека знаат како да го допрат. Уште ако се срами да праша или да побара насоки, дефинитивно имате работа со маж кој никогаш нема да знае како да задоволи жена.

2. Мислат дека влажноста значи возбуденост

Тоа е прилично често машко размислување. Некои жени може да бидат возбудени без никакви очигледни знаци и обратно.

3. Мислат дека жените и мажите исто го доживуваат сексот

Мажот се чувствува дека најдобро за време на самиот секс, но за тој да се одвива како што треба, важно е да бидат исполнети женските закони и желби. Поточно, предиграта е она што е најважно за понежниот пол, па ако таа не биде задоволувачка, сексот ќе биде непријатен.

4. Сигурни се дека знаат што им треба на жените

Мажот кој мисли дека „има и знае сè“ најчесто е во заблуда и за него важи токму спротивното. Ако мислите дека знаете што им треба на жените, веројатно никогаш нема да експериментирате и да откриете каква е реалноста.

5. Мислат дека како што било во минатата врска – така ќе биде и во оваа

Без оглед на тоа дали се работи за секс за една ноќ или врска, не го споредувајте сексот од минатото. Не сите жени се исти, напротив, она што на едни им одговара на други им е одбивно. Така што, никогаш не можете да бидете сигурни дали жената е задоволна додека не прашате или видите очигледни знаци.