Куманово: Се заканувал на полицаец и му барал 4.000 евра

Кумановец кој се заканил со убиство на полицаец, неговиот началник и на еден судија, доби кривична пријава за загрозување на безбедноста, извести СВР Куманово.

Пријавата е поднесена против Д.С. (33) од Куманово. Како што извести полицијата, тој во петокот, додека бил во автомобил „БМВ“, на крстосницата на улиците Никола Вапцаров и 11 Ноември, го забележал полицаецот В.М., му го пресекол патот, ја отворил совозачката врата и му се заканил дека ќе ги убие него, неговиот началник и еден судија, како и нивните деца, доколку не му дадат 4.000 евра.

Извор: Мета.мк