Надминете ја настинката за 24 часа

Обичната настинка е можно да се победи во рок од само 24 часа тврдат многу доктори. Потребно е само да го следите овој распоред во текот на денот за да се ослободите од мачната настинка која мислевте дека ќе ве затвори дома неколку дена.

Sick Woman. Flu. Woman Caught Cold. Sneezing into Tissue

07:00 – По будењето во раните утрински часови, кога нема да се чувствувате баш најдобро, истуширајте се со врела вода. На овој начин ќе ги намалите болките во зглобовите и дишните патишта ќе бидат прочистени.

08:00 – Следува квалитетен појадок. Чаша сок од портокал или лимон е дневната доза на витамин Ц која треба да ја внесете, а потоа пригответе си топол, здрав оброк.

10:00 – Започнете со инхалации. Прочистете ги дишните патишта така што ќе вдишите пареа од чај од ментол.

12:00 – Наместо да легнете и да се топлите, во овој период е најдобро да излезете на свеж воздух за да го подобрите расположението и да го зајакнете имунитетот.

13:00 – За ручек се препорачува пилешко месо и салата. Протеините се одлични за зајакнување на имунитетот. Не го избегнувајте месото, така само ќе ја продолжите настинката.

15:00 – Време е за топол чај, а потоа и за уште една чаша цеден сок полн со витамин Ц.

18:00 – Додека ја спремате вечерата во храната додадете некој зачин по желба, кој знаете дека има антивирусно или антибактериско својство. Во таквиот вид на зачини спаѓаат кари, ѓумбир или бел лук во прав.

20:00 – Како што го започнавте денот со врела вода, така и завршете го. Овој пат опуштете се и уживајте во топла бања која ќе ги опушти изморените мускули.

22:00 – Ако сакате телото што побрзо да се оправи од настинката, неопходни ви се барем 8 часа сон.