НАЈЧЕСТИОТ МАГНЕТ НА ФРИЖИДЕРИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ – СУВЕНИР ОД ПАТУВАЊЕТО ВО БАРСЕЛОНА

Магнетите за фрижидери се пактични мали потсетници од нашите патувања, авантурите и доживувањата на кои со радост се сеќаваме

 

Лесно се станува ентузијастичен колекционер на магнети токму поради големината и карактеристиката на магнeтите да потсетуваат на нешто што сме го доживеале или што го посакуваме, тие секогаш носат и некаква возбуда за нештата на што нé потсетуваат, авантурите што нé очекуваат или лицата што нé инспирираат или возбудуваат.

Прашавме кои се најомилените магнети на некои од нашите познати лица и дојдовме до необичен заклучок: Сувенирот од Барселона е најчестиот магнет на фрижидерите на познатите!

Магнетот на Амернис Нокшиќи

Магнетот-сувенир од Барселона го краси фрижидерот на Амернис Нокшиќи – актерка и на Кристина Арнаудова – музичар, кои ја делат страста кон патувањата, a особено кон автентичноста и егзотиката, но и  менталитетот на луѓето во Барселона.

„Магнетот од Барселона мé потсетува на она неверојатно патување пред две години, по кое сфатив дека Барселона е мојот омилен град. Во него би можела да живеам, толку е фасцинантен и живописен. Не познавам човек што се уморил од Барселона“ – вели Кристина Арнаудова.

Магнетот на Кристина Арнаудова

„Магнетот од Барселона ме потсетува на оној раскошен град, на топлите и темпераментни каталонци, на музичката фонтана, пазарот, морето, архитектурата, културата и толку многу други впечатоци и доживувања“ – вели Амернис Нокшиќи.

Магнетите што го красат фрижидерот на Андријана Јаневска се сепак само бројки и букви, бидејќи нејзиното поголемо синче Димитар е во фаза во која има голем интерес да учи, па мама Андријана го поддржува во намерата полесно да ги совлада бројките и буквите.

Магнетите на Андријана Јаневска

Магнетите за фрижидер се толку атрактивни и распространети, а се изработуваат од пластика, дрво, метал, керамика или принтана фолија, но постојат и рачно изработени магнетикои можете самите да ги направите за своите сакани.

 

Рачно изработените магнетисе одличен начин овој 8 март да ги изненадите и да ја искажете љубовта кон дамите во вашиот живот со креирање на слика и порака наменета токму за нив, необичен, интересен и возбудлив начин на искажување на нашата наклонетост и желба да им подариме нешто оригинално, несекојдневно и симпатично.

За сите оние кои сакаат на своите сакани да им подарат магнет со лична фотографија и порака можат на 7 и 8 март да го посетат Скопје Сити Мол каде ќе можат да го креираат идеалниот магнетза својата сакана.