Најголемиот водич низ цртаните на Дизни

Дали сте знаеле дека Малата сирена на „Дизни” има две свои продолженија, исто како и Аладин? Дали сте ги гледале Бамби 2 и Покахонтас 2? Од Дизни нема поголем експерт за магија, затоа немојте да ги пропуштите 84-те прекрасни наслови и нивните продолженија кои ви ги подготви Pickbox. Вратете се во детството или израдувајте ги децата, влезете во светот на чистата анимирана магија и гледајте веднаш сѐ.

pocahontas

Ние ги издвоивме оние што секој мора да ги изгледа:

1.Малата сирена – три продолженија

На Pickbox пристигна еден од најубавите класици на „Дизни”, „Малата сирена”. Ја гледаме неповторливата приказна за сирената на која ѝ здодеал животот во морето и би сакала да дојде на копното и да живее меѓу луѓето. А за најголемите обожаватели имаме и изненадување. Освен Малата сирена која освои дури два Оскара, на Pickbox на 12 февруари пристигнува и второто продолжение за ќерката која сака да стане сирена, како и третото продолжение во кое ја гледаме малата Ариел како се бори за музиката во океанот.

2. Покахонтас и Покахонтас 2

Во седумнаесеттиот век, Покахонтас е смела девојка која се заљубува во храбриот војник Џон. Филмот освои два Оскара, а претставува приказна за љубовта и слободата што е поучна за децата од сите возрасти.

3. Снежана и седумте џуџиња

Приказна за девојката на која злобната кралица ѝ фрлила пик и која од старицата го зела отровното јаболко. Совршена поука за децата дека тие никогаш не треба да им отвораат врата на непознати, а не пак да примаат подароци од нив. За среќа, во светот на „Дизни” секогаш сѐ добро завршува.

bambi

4. Бамби и Бамби 2

Бамби е срнче кое рано останува без мајка си и само се упатува да ја истражува шумата. На патот среќава многу животински пријатели и со нив заминува во разни шумски авантури. Вашите деца со младиот Бамби нека научат важни лекции за животот, загубата и љубовта.

5. Храбрата Мерида

Мерида е единствената принцеза на „Дизни” на која во умот не ѝ се вртат фустани и принцови. Мерида знае да ракува со лак и стрела, а најмногу сака да им се спротивставува на оние што ѝ наметнуваат како треба да се однесува. Освен добриот животен став, Мерида ги има и најубавите локни што светот ги има видено.

6. Животот на бубачката

Мравките се големи зависници од работа, а овој филм покажува колку тие симпатични суштества знаат да бидат и храбри во својот свет. Помеѓу мравките се истакнува откачениот Флик кој поради еден глупав сплет на околности предизвикува несреќа и го поттикнува бесот на страшните скакулци на кои мравките им служат. Погледнете како изгледа кога мравките се охрабруваат и започнуваат војна против скакулците.

7. Растури ги Ралф

Настанува целосен хаос кога еден негативец од видеоигрите одлучува дека му е доста од лошото реноме и дека би сакал да стане добар. Кога Ралф ги зема работите во своите раце, ќе мора да вложи многу труд за да докаже дека може да биде вистински херој. Сите ги сакаат добрите момци, а сега е време да научиме да им даваме шанса на негативците кои сакаат да станат добри.

8. Тарзан

Момчето Тарзан ја познава џунглата како својот џеб, а со животните редовно успева да се спријатели. Пред да стане крал на џунглата, Тарзан бил само чудно момче кое никако не можело да се вклопи. Со Тарзан и Зугор децата најлесно ќе научат дека пријателството и семејството се најважните вредности во животот.

9. Фантазија и Фантазија 2000

Со низа преубави музички дела ја гледаме приказната за амбициозниот магионичар Мики Маус. Во ова врвно уметничко остварување, старо точно 76 години, пред нас тече музика која можеме да ја видиме и слики кои можеме да ги слушнеме. „Фантазија” од 2000-тата година е еднакво успешна анимирана интерпретација на класичната музика.

Bolt1

10. Болт

Белиот германски овчар Болт целиот живот го поминал во филмско студио како ѕвезда на акциони телевизиски серии, верувајќи дека навистина има супермоќ. Кога по некоја случајност ќе се најде сам на улиците на Њујорк, тој сфаќа дека животот што го живеел дотогаш не е реален, но за среќа запознава една мачка и едно опитно животно кои ќе му помогнат…

11. Аладин – три продолженија

Сите ја знаеме приказната за Аладин кој со помош на духот од ламбата сака да ја заведе убавата принцеза, а сега е време да ја најдеме и да ја изгледаме на Pickbox. И денес се смета дека Аладин е еден од најдобрите и омилените цртани филмови на децата, а на Pickbox во февруари пристигнуваат сите три дела. Двата Оскара се и повеќе од заслужени.

 12. Операција спуштање Дамбо

Дамбо е слончето кое сите го исмеваат затоа што има големи уши, но со нивна помош Дамбо може да лета! Цртаниот е направен во 1941 година, а „Дамбо” е четвртиот анимиран филм на „Дизни” и е еден од оние филмови што ќе ве воодушеват без разлика на која возраст сте!

До првото пролетно сонце уживајте на Pickbox со оригиналните класици на „Дизни” и со нивните исто толку прекрасни продолженија! На Pickbox, секој ден е ден за „Дизни”!