Неделен хороскоп (25-31.01.2016)

horoskop3

Овен 

РАБОТА: Можете интуитивно да ги препознаете добрите деловни прилики, потребно е да се водите со вашите внатрешни чувства. Можно е мало подобрување на финансиите во текот на неделата. Дајте го вашиот максимум.

ЉУБОВ: Засега сте затскриени во позната атмосфера со саканото лице. Сеуште не сте ги решиле сите проблеми но имате впечаток дека нешто ќе се подобри. Поволна недела за разјаснување на некои работи.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

 

Бик 

РАБОТА: Му ги препуштате повеќето важни деловни обврски на деловниот партнер бидејќи сметате дека тој во моментов има повеќе ентузијазам од вас и дека со самото тоа може послесно да се справи во некои ситуации.

ЉУБОВ: Ако сте имале било какви нејаснотии или заблуди во односот со саканото лице, во текот на оваа недела се ќе биде откриено, односно вистината ќе излезе на виделина, а на вас ќе ви биде многу полесно. До крајот на неделата сите нејаснотии ќе бидат решени.

ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со вратот, грбот, во вид на вкочанетост.

 

Близнаци 

РАБОТА: Во текот на неделата постепено ќе се намалува стресот кој го чувствувате. Во морето од обврски имате впечаток дека функционирате како „мува без глава“. Сепак можете да имате и среќа, па најверојанто нема да направите критични грешки.

ЉУБОВ: Многу Близнаци можат да се верат во текот на оваа недела. Сметате дека сте го пронашле партнерот со кој сакате да бидете заедно. Немојте да избрзувате со некои одлуки, освен срцето послушајте го и мозокот.

ЗДРАВЈЕ: Можна појава на камења и песок во бубрезите и жолчката.

 

Рак 

РАБОТА: Може да почувствувате големо олеснување кога станува збор за полето работа. Обавивте некоја задача која ви беше од клучно значење и сека можете да се опуштите. Имате многу слободно време.

ЉУБОВ: Можете да очекувате интересни случувања на полето на љубовта во текот на целата недела. Ќе бидете многу активни на полето на флертот и ќе имате интересни контакти со лицата од спротивниот пол. Привлекувате внимание.

ЗДРАВЈЕ: Добро, ќе имате зголемена енергија.

 

Лав 

РАБОТА: Во текот на оваа недела можете многу лесно да ја прекинете деловната соработка со која не сте доволно задоволни. Можете да очекувате некои драстични промени доколку веќе подолго време сте размислувале за тоа.

ЉУБОВ: Прилично доминантно делувате на вашиот партнер кој верува во секој ваш збор и ја почитува секоја ваша желба. Сепак, поведете сметка да не бидете претерано хировити бидејќи во се постојат граници.

ЗДРАВЈЕ: Можни се скршеници, внимавајте.

 

Девица

РАБОТА: И понатака функционирате под одредена тензија и тешко ви е сосема јасно пред себе да си поставите некои цели. Ако ве очекуваат некои важни работи, најдобро е да ги одложите за на крајот од оваа недела.

ЉУБОВ: Може да се случи контакт со лице со кое во минатото бевте блиски. Таман кога ќе се обидете да ја избегнете таа средба, ќе се појави уште една личност од минатото. Ќе бидете во бунило што се случува.

ЗДРАВЈЕ: Зголемена нервоза и стрес.

 

Вага 

РАБОТА: Влегувате во фаза во која ќе трошите многу пари. Можно е да потрошите и повеќе од тоа што имате. Поведете сметка, со цел подоцна да не ве боли главата од долгови. Во некои ситуации сте претерано ноншалантни.

ЉУБОВ: Лицето кое ви се додворува бара од вас конечно да се изјасните по повод вашите чувства. Не ви се допаѓа тврдиот став, па ќе се повлечете во себе. На крајот на неделата ситуацијата на љубовен план ќе се подобри.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со белите дробови.

 

Скорпија 

РАБОТА: На вашето поле за работа ќе се случат многу позитивни промени кои сте ги планирале. Можете да очекувате дека ќе имате прилика да направите неколку паметни потези кои ќе ви донесат одлични резултати.

ЉУБОВ: Можен е минлив флерт со лицето од деловното опкружување. Ако веќе имате партнер, не можете да го тргнете погледот од него, повторно ќе се заљубите и ќе ги обновите старите страсти.

ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со физички активности, можете да се повредите.

 

Стрелец 

РАБОТА: Надредените ќе ве потсетат на некои работи кои не сте ги обавиле во минатото и од вас ќе побараат повторно да се обидете да ги изработите. Во суштина немате многу работа, па затоа ова барање нема да ви падне тешко.

ЉУБОВ: И сами сте свесни дека промискуитетот во некои моменти може да ви наштети. Сепак, се надевате дека тоа не е овој момент и продолжувате да уживате во бројни авантури. Проблемите ќе се појават при крајот на неделата.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со организмот поради вишокот килограми.

 

Јарец 

РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе имате повеќе среќа на работа отколку што очекувате. Ви доаѓаат некои поубави вести, а вашата реакција на нив секако ќе биде позитивна. Можете да очекувате и соработка со странство.

ЉУБОВ: Доколку досега не сте се заљубиле, во текот на оваа недела ќе се случи тоа. Размислете да зачекорите еден чекор подалеку со лицето кое ве возбудува. Свесно ќе навлезете во мал ризик, но ќе ви се исплати.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од ниските температури.

 

Водолија 

РАБОТА: Ви се чини дека многу ваши соработници, па дури и шефови, донесуваат некои многу нелогични одлуки и не ви е јасно што се случува. Во некои моменти сериозно ќе се запрашате во кој правец се движи вашата кариера.

ЉУБОВ: Многу лесно ќе остварите комуникација со лицето кое ви се допаѓа и полека доаѓате до фаза во која ќе ја договорите првата официјална средба. Ќе се појават некои пречки но изиграјте мудро.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

 

Риби 

РАБОТА: Ќе се врати можноста за контакт со некои стари соработници со кои одамна сте сакале да организирате средба. Избегнете ја можноста да се создадат било какви недоразбирања, бидете јасни во комуникацијата.

ЉУБОВ: Можно е на некој начин, сосема несовесно да оставите погрешен впечаток на лицето кое се обидувате да го освоите. Бидете подготвени тоа лице да ви ги одолговлечува плановите во текот на целата недела.

ЗДРАВЈЕ: Чувајте ги колената и зглобовите.

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: