Немам пари, а нема ништо на телевизија

36148_0_8-5695-family-room“Немам пари а нема ништо на телевизија”.  Ова е еден графит кој долго време стои испишан на еден скопски ѕид. Не знам за вас, но мене ми е многу смешен, најверојатно затоа што е вистинит. Овој графит е малце од поодамна во времето кога немаше интернет или кабелска па бевме препуштени на милост и немилост на македонскиве телевизии. Језива слика, нели?! Но неврмајнд, поминаа и тие времиња, издржавме машки, идемо даље.

Она што сакам да го кажам уствари е во тесна поврзаност со насловот, а тоа е колку човекот како најинтелигентно људско биќе, во некои случаи знае сериозно да ја доведе во прашање титулата “најинтелигентен”.  Еве на што конкретно мислам.

Човекот е единственото суштество на планетава кое самоволно се откажува од сите чувства кои се последици на животот: радост, тага, болка, среќа, па дури и љубов за да гледа како некој друг измислен лик, некоја фикција, ги доживува истите. Можеби и ви нема многу смисла реченицава, но бидете така ќе ви објаснам.

Според мене, единствениот период во кој човекот има јасна визија за својот живот е неговото детство. Сте се запрашале ли некогаш што се случи со она дете што сакаше да биде пожарникар или фудбалер или рокер… Дали кога би имале некоја временска машина и би можеле да се вратите во минатото, би пронашле некој пресуден момент со кој ќе си објасните зошто сонот на тоа дете остана само сон. Што беше тоа толку силно што не ни дозволи да си го оствариме сонот. Сум размислувал и јас многу на оваа тема затоа што и јас сум еден од тие и стварно немам поима. Но има една теорија (ако сте го гледале филмот K-Pax можеби и ќе знаете за што зборувам) со која можам до некаде да си објаснам, а тоа е дека во човекот во природа е набљудувач или народно кажано сеирџија.  Мислам да бидеме реални, сите уживаме да се завалиме у фотелја онака ко турски султан, најчесто у пижами или рамбовка, зависи од климатските услови и да утепаме цел ден пред телевизор. Па уште ако има и некоја квалитетна грицка од страна е тогаш ни земјотрес не може да не истресе од фотелја.

Е се е тоа убаво се додека еден ден не се фатиш дека си почнал да наликуваш на еден од оние луѓе што си го организираат својот живот според телевизиските програми. Знаете на кои мислам, оние со “L” на чело. Кога најпосле тоа и мене ми се случи реков: Детс ит! Но мор мистер најс гај!

Прво што направив ја напуштив работата што ја работев веќе седум години и седум години превише ако ме прашувате мене и се пуштив у живот.

Би сакал да ви кажам дека успеав и дека сега ми тече и мед и млеко ама животот не е филм и не може да биде се така романтично, нели? Ама добро еве некако држ- не дај работите почнуваат да се движат во нагорна линија. Сега работам како уредник на еден web site кој се вика “ Хајд Парк”. Да така е, јас сум еден од уредниците на сајтов а и не само тоа него и еден од сопствениците,така да можам да си праам шо сакам па дури и колумна да напишам. Мој е бе, ми се може. Башка си викам коа може Трендо зошто да не и јас. Не, се шалам нормално. Колумните на Трендо беа епски и он е за мене д рил колумна маестре ин д нејбрхуд, не овие политички определени стручњаци кои ги узурпираат скоро сите дневни весници и ја распослале својата колумна на осумнаесет страни небаре наплаќаат од збор.

Тоа би било отприлика, да не го тупам и јас како горенаведениве се надевам дека успеав да распалам некоја мозочна клетка во вашите глави, па можеби и да се запрашате до кај сте, ако не здравје, важно вие посетувајте го сајтов редовно пошто е тазе и му е потребна вашата помош за да успее, не за друго, да ја докажам поентата на муабетов.

 

Тони Манеро

 

 

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.