,,Нокаут,, 20 годишнината од постоењето на музичката сцена ja одбележува со нова официјална веб страна

Македонската музичка атракција ,,Нокаут,, 20 годишнината од нивното постоење го одбележуваат со нова официјална веб страна на бендот. Ова претставува одлична можност за љубителите на убавата музика  полесно да допрат до песните на оваа музичка група која две децении опстојува на македонската сцена. На интернет страната во делот ,,ЗА НАС ,,пишува за историјата на бендот. Потоа можат да се преслушуваат 4 -те музички изданија  на Нокаут со можност за преслушување на сите песни. На сајтот можат и да се видат снимките од нивните концерти како Unplugged концертот снимен за МРТВ, големиот концерт во Метрополис, и оној во Универзална сала, како и дел од спотовите на НОКАУТ.

new

ГАЛЕРИЈА е името на категоријата во која се објавени мал дел од илјадниците фотографии направени за време на бројните настапи, концерти, снимања на спотови, зад сцената, на турнеја, со фановите и пријателите и соработници на НОКАУТ. Едноставно насловена како НОКАУТ е категоријата каде што можете да прочитате нешто повеќе од биографијата на сите членови на групата.

Бендот не заборавил да одвои и посебно место за фановите, па така FAN’S WALL е местото на кое тие можат во секое време да им пишат нешто, да им пратат фотографија, или едноставно да ги поздрават.

new3

Во НОВОСТИ се собрани дел од интервјуата, рецензиите и статиите објавени во македонските медиуми.

Се на се, НОКАУТ добија свој дом на интернет просторот во кој се надеваат дека ќе има многу интересни содржини кои ќе привлечат голем број на гости.

Сите се поканети на nokaut.mk