Одберете облека според формата на вашето тело

Постојат многу различни начини за определување на формата на телото. Но едни од најпознатите и најшироко распространетите се вертикалната и хоризонталната определба.

telo

За да ја определите вашата вертикална форма на телото, започнете со мерење на вашите вертикални пропорции. Овие пропорции се однесуваат на долниот и горниот дел од телото, кои, доколку ги знаете, можат да бидат од голема помош при изборот на облека. Откако ќе се измерите, пронајдете ја вашата форма на телото и прочитајте кој вид облека најдобро ќе ги нагласи вашите позитивни страни на телото.Одберете облека според формата на вашето тело

Кратки нозе, долго торзо

Доколку вашите нозе се пократки во споредба со горниот дел од вашето тело, тогаш целта е да создадете илузија дека имате подолги нозе:

  • Носете повеќе накит и марами кои ќе го привлекуваат вниманието кон вашите рамена и лице.
  • Одбирајте горни делови кои се пократки.
  • Носете блузи или кошули вметнати во фармерките/панталоните.
  • Експериментирајте со многу слоеви облека.
  • Комбинирајте посветла горна облека со потемни фармерки/панталони или здолништа.
  • Носете пошироки ремени.
  • Носете рамни здолништа и малку пошироки фармерки/панталони.
  • Обидете се секогаш вашите панталони, чорапи и обувки да бидат во иста боја.
  • Носете високи штикли.
  • Вашите „зимски“ фармерки/панталони нека бидат долги до земја.

Пробувајте да избегнете:

  • долги горни делови (посебно ако сте пониски)
  • фармерки/панталони или здолништа со многу низок струк
  • тесни здолништа и тесни фармерки/панталони
  • фармерки/панталони до над глуждовите.

Балансирано тело

Доколку мерките на горниот и долниот дел од телото ви се со приближни димензии, тогаш целта е да го „издолжите“ вашето торзо:

  • Носете повеќе накит и марами ќе го привлекуваат вниманието кон вашите рамена и лице.
  • Горниот дел од облеката треба да ви биде со средна должина.
  • Горниот и долниот дел од облеката треба да ви биде со иста или со слична боја.
  • Одбирајте блузи или фустани кои се прошируваат кај струкот.
  • Носете рамни или многу малку широки здолништа или фармерки/панталони.
  • Носете фармерки/панталони кои ќе започнуваат од вашата половина.

Пробувајте да избегнете:

  • блузи или кошули вметнати во фармерките/панталоните
  • многу кратки блузи
  • блузи или фустани кои се тесни до под градите, а надоле широки
  • широки ремени
  • фармерки/панталони или здолништа со висок струк.

Долги нозе, кратко торзо

Доколку вашите нозе се подолги од вашето торзо, целта е да ги балансирате димензиите:

  • Носете панталони или здолништа со интересни дизајни кои ќе го насочуваат вниманието кон вашите нозе (избегнувајте ако сте ниски).
  • Ставајте долги модни додатоци (накит, марами…).
  • Фармерките/панталоните и здолништата нека ви бидат во посветла нијанса од горниот дел.
  • Носете подолги горни парчиња (ако сте пониски, долги до неколку сантиметри под струкот).
  • Носете блузи и кошули над фармерките/панталоните или здолништата.
  • Блузите и фустаните треба да бидат потесни до струкот, но пошироки под него.
  • Носете рамни или малку широки здолништа.
  • Носете фармерки/панталони со понизок струк.
  • Избирајте тесни фармерки/панталони (само во комбинација со подолга блуза).

Пробувајте да избегнете:

  • накит кој ќе го насочува погледот на набљудувачот кон горниот дел од телото
  • облека која има дизајни со вертикални линии
  • кратки блузи или кошули
  • блузи или фустани кои се тесни до под градите, а надоле широки
  • широки појаси
  • фармерки/панталони или здолништа со висок струк
  • фармерки/панталони кои се се широки до колена, а тесни под нив.