Охридскиот маратон ќе се плива на 20.август

Охридскиот маратон, кој се одржува во рамките на Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА), оваа година ќе се одржи на 20.август.

ohrid-maraton

ФИНА го објави календарот за Гран при серијата, во која годинава ќе се пливаат само четири трки: Санта Фе, Аргентина (6.февруари), Сен Жан, Канада (30.јули), Охрид (20.август) и Капри Наполи, Италија (4.септември).

Инаку, минатата година на Охридскиот маратон победи Евгениј Поп Ацев, со што стана првиот Македонец кој триумфирал на 30 километарската патека од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид.

Поп Ацев подоцна ја освои и титулата во генералниот пласман во Гран при серијата на ФИНА.

Извор: Макфакс