Отворен нов пункт за собирање помош за настраданите од поплавите

Од денес во Skopje City Mall ќе биде поставен пункт за собирање на помош за настаданите во стравичните поплави кои викендов го зафатија нашиот град и однесоа повеќе од 20 жртви, многумина беа повредени и многу луѓе останаа без кров на главата.

voda

Пунктот ќе биде отворен денес во 15ч. и ќе работи до 22ч, утре и останатите денови ќе функционира секој ден од 10ч. до 22ч.

ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ РАБОТИ:

• Конзервирана храна

• Вода за пиење

• Средства за хигиена

• Средства за дезинфекција

• Алати

Пунктот е лоциран на самиот влез од страната на ул.МАНАПО (Карпош 3). Активиран е бројот 143 400 на кој може да донирате 100 денари.