Пијалоци од банана за топење на масните наслаги

Спротивно на мислењето дека бананите треба да се избегнуваат доколку сакате да намалите килограми, таа е една од најпожелните состојки на диеталните пијалоци и тоа благодарение на калиумот кој го решава вишокот вода во телото и влакната кои го забрзуваат метаболизмот во соработка со другите “топачи“ на маснотии како ленот и спанаќот претставувајќи вистинска инвазија за непожелните перничиња.

Banana Smoothie

Бананите изобилуваат со калиум кој помага да се отстрани вишокот вода од организмот, а една банана содржи дури 450 мг од овој елемент. Освен тоа природните шеќери фруктоза, сахароза и глукоза се одличен извор на енергија за нашето тело па конзумирајќи банана се намалува чувството на глад кое често води до забранети калориски оброци и кои се виновни за масните перничиња, додека растителните влакна со кои бананата изобилува се клучни за забрзување на метаболизмот.

Бананата ја користиме во диетални пијалоци како база на која додаваме природни “топачи“ на масти како ленено семе, шумско овошје и спанаќ кои меѓу другото го задоволуваат нашето тело со сите потребни витамини и минерали.

Банана со ленено семе

1 портокал

1 банана

2 лажици сурутка

2 лажици ленено семе

Банана со шумско овошје

1 банана

1 филџан боровинки, малини или брусница

1 лажица мед

1 лажица рендан ѓумбир

пола филџан млака вода

Банана и спанаќ

1 банана

200 гр свеж спанаќ

пола филџан лајт јогурт

третина филџан мелени житарици

1 лажица мед

Подготовката на овие пијалоци е еднаква за сите три, потребно е само состојките да се додадат во блендер и смелат. Овие диетални, но пред се здрави пијалоци конзумирајте ги наутро како појадок бидејќи тогаш телото најдобро ги ресорбира и препознава состојките кои во овој случај ќе направат вистинска инвазија на вашите масни перничиња наталожени на половината и стомакот.