Процесот на радикалниот ислам во средните училишта во Република Македонија; Реалност или фикција?

Денеска медиумите се вистински воспитувачи на младите поколенија. Денес живееме во време кога современата технологија е многу развиена. Интернетот, медиумите и социјалните мрежи се оние на кои младите трошат голем дел од денот. Доколку тие се користат правилно, тие би имале многу позитивни карактеристики, како на пример брза, лесна и ефтина комуникација, брзо и лесно пребарување на информации и сл.

slika4

Сепак тие имаат и огромно штетно влијание врз младите. Тешко е да се контролира какви информации можат да допрат до младите (на пр. информации со порнографска содржина или насилство) и поради тоа треба да бидат многу внимателни и претпазливи. Младите својот став кон состојбите во општеството се повеќе го формираат со помош на информациите кои ги примаат од медиумите или по електронски пат. Затоа е многу битно младите да примаат информации кои одат во насока на тоа што значи формирање на правилни критериуми за животните и општествените вредности и ќе придонесат тие да се изградат како здрави личности. Преку разните социјални мрежи многу често се пренесуваат пораки кои наместо да ја зајакнат хуманоста, почитувањето на различностите и толеранција, тие им го јакнат чувството на недоверба и страв. Многу е битно младите да се оттргна од влијанието на социјалните мрежи, бидејќи заборавија на реалниот контакт со своите врсници. Со појавувањето на најпопуларните социјални мрежи во светот (Facebook, Twitter, Instagram, Hi5 и слично), младите повеќе сакаат да останат дома пред компјутер, да прикачуваат слики, споделуваат статуси и да оставаат коментари, отколку да се дружат во реалниот свет, при што ја губат реалната слика за светот. Ова придонесува и води до проблеми со комуникацијата.Ошштеството и семејството има исто така важна улога во формирањето на личноста кај младите.

Младите се потенцијалот на едно општество. Сите различно се развиваат и напредуваат во него. Некому му е потребна поголема помош, отколку на другиот. Младите треба цврсто да веруваат дека мора да им се помогне на оние на кои тоа им е неопходно. Само со солидарност ќе изградиме модерно општество во кое дискриминацијата, поларизацијата и етничката нееднаквост ќе бидат непознати категории. Социјално загрозените, лицата со посебни потреби, луѓето што живеат во полоши животни услови заслужуваат помош и активна подршка во остварување на нивните права. Само во општество во кое солидарноста се почитува и практикува, возможен е целокупниот економски и политички развој. Толеранцијата претставува трпеливост кон сите со различни сфаќања, верувања,вредности, постапки, културни и биолошки особености, различна национална, религиска,јазична и сексуална припадност. Младите треба да знаат дека различностите се богатство, а не недостаток на нашата земја. Мултикултурализмот е нашето богатство со кое треба да се гордееме и е една од вредностите со кои треба да сме препознатливи во Европа и во светот. Македонскиот модел на мултикултурализам е нашиот најважен промотор во светот и ние цврсто треба да работиме за неговото јакнење и подлабоко воспоставување во нашето општество.

Семејството како прва и основна средина во која расте и се развива една личност има најголема и најпресудна улога во воспитувањето. Затоа, денес сé повеќе се актуализира поврзаноста на семејството со социјалниот развој на децата и младите. Речиси сите позитивни или негативни страни на однесувањето, свесни или несвесни, им се припишуваат на семејството и семејните односи. Квалитетните односи во семејството и грижата за децатa се неопходни за навремено препознавање и спречување на нарушено однесување на младите, со секој домен од животот. Стручните и научните сознанија упатуваат на големата улога на односите и условите во семејството врз развојот на неговите членови воопшто, а посебно врз развојот на младите. Какви и да постојат влијанија од надвор, тие се безначајни во однос на влијанието што го има семејството и начинот на живот во него. Од таа причина, не треба да се запостават условите за живот во едно семејство, од причина што влијаат и се поврзани со однесувањето на младите.

Нарушеното однесување на младите, неговите причини и облици претставуваат значаен и комплексен општествен проблем. Поради тоа, за негово спречување мора да се дејствува координирано.

Истражувањата кои се направени досега покажуваат дека сите млади кои имаат нарушено однесување потекнуваат од семејства во кои има проблеми и нарушени услови за живеење. А секое нарушување на тие семејни односи претставува ризичен фактор за младите кои живеат во такви дисфункционални семејства. Нарушените семејни односи, посебно ако се проследени и со сиромаштија,невработеност, необразованост, отсуство на комуникација помеѓу членовите во семејството,блискоста меѓу членовите во семејството, честопати ги наведуваат младите кон нарушено однесување, а тоа претставува прв чекор кон деликвенција и посериозни проблеми во однесувањето.Родителите треба да бидат оние кои први ќе ги забележат симптомите на нарушено однесување кај своите деца и да бараат начин како да му помогнат на своето дете.

Невниманието, неинформираноста и одалеченоста на младите од своите родители доведува и до вклучување во разни исламистички радикални движења. Со директни контакти преку социјалните мрежи, џихадистите ги регрутираат борците за својата Исламска Држава. Проектот за ширење на исламот на Балканот, а со самотот тоа и во Македонија, опфаќа праќање мисионери, обезбедување литература, покренување на електронските медиуми, организирање на курсеви, давање стипендии за студирање на арапските универзитети и најмногу основање на локални (најчесто младински или хуманитарни) организации. Голем број претежно млади луѓе, секојдневно се приклучуваат на ултра радикално движење. Досегашното искуство покажува дека покрај проповедувањето на радикалниот ислам во одредени џамии, интернетот е најмоќна алатка на исламистите за регрутации на нови борци. На сличен начин се врбуваат и борците од Македонија, кои и преку Facebook контактираат со непознати лица кои можат да им го организираат транспортот до Сирија или Ирак. На социјалните мрежи постојат групи преку кои се врши мобилизацијата, но кога ќе бидат откриени, тие веднаш се затвараат од администраторите. Така новиот сајт 5elafabook.com, е новиот начин на кој терористите ќе се обидат да завладеат со интернетот, откако илијадници приврзаници на Исламска држава се отстранети од американските социјални мрежи ( Youtube, Facebook и Twiter). Оваа социјална мрежа е исламистичка верзија на Facebook регистрирана е во Египет, а наведената адреса е „Мосул, Исламска држава“. По само три дена работа, сајтот беше срушен во саботата и на екранот се појави порака дека „се работи на одржување на сајтот поради проблеми со капацитетот“. Веќе неколку дена подоцна социјалната мрежа работеше нормално. Се почесто се применуваат вакви тактики од исламистите.

Треба да се работи на спречување на младите, но и општо на секој граќанин на нашата држава во вакви движења. Македонија веќе полека, чекор по чекор оди кон решавање на овој “светски” проблем. Како реакција на појавата за регрутирањето на македонски граѓани да се борат во странство, Р. Македонија веќе донесе нов закон кој предвидува ново кривично дело и големи затворски казни, не само за оние кои врбуваат и организираат радикални исламски верници од земјава, туку и за оние кои практично одат, односно се директни учесници во војните. Од МВР велат дека за сите оние кои ќе се потврди дека учествуваат во странски војни, по враќањето во земјава ќе се соочат со високи затворски казни.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО И НИВНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Најпрво следуваат неколку прашања околу демографските карактеристики на испитаниците опфатени во примерокот, како што се: пол, возраст, етничка припадност(националнoст) и место на живеење.

Табела 1. Испитаници според пол

  испитаници %
машки 82 79,6
женски 21 20,4
вкупно 103 100

 Според табела бр.1 можеме да заклучиме дека имаме две групи испитаници, а преовладуваат припадниците од машкиот пол, и тоа 79,6% од женскиот пол 20,4%.

Табела 2. Испитаници според возраст

I година-

15 години

II година –

   16 години

III година- 17 години IV година- 18 години
машки 10 13 22 37
женски 2 4 6 9
вкупно 12 17 28 46

Во однос на возрасната структура, од табелата бр.2 можеме да видиме дека доминираат повозрасни машки испитаници,односно IV година бидејќи тие се и полнолетни и според нивната возраст најмногу компетентни, за да дојдеме до некои поконкретни сознанија од оваа област на истражувањето. Од IV година- 18 години испитани се 37 машки 9 женски.Додека пак другите испитаници првенствено се лица од помладите генерации во средните училишта .I година-15 години испитани се 10 машки и 2 женски, II година -16 години испитани се 13машки и 4 женски, а од III година- 17 години испитани се 22 машки и 6 женски.

Табела 3. Испитаници според национална припадност

машки женски %
Албанци 9 2 10.6
Македонци 54 14 66
Роми 12 3 14,6
Бошњаци 4 1 4,9
Турци 3 1 3,9
Вкупно 82 21 100

Според табела бр.3 примерокот го сочинуваат во најголем дел испитаници од македонска припадност и тоа 66%, но земени се и испитаници од други националности.

slika1

Табела 4. Испитаници според место на живеење (по градови во РМ)

машки женски вкупно %
Скопје 44 15 59 57,2
Кичево 12 2 14 13,6
Струга 13 2 15 14,6
Штип 13 2 15 14,6

Изборот на испитаниците по градови беше направен врз основа на статистичките податоци за значителна застапеност на различна етничката популација во вкупното население. Од табела бр.4 заклучуваме дека кај четирите групи испитаници се поделени во две групи ( машки и женски ). Се забележува дека најголемиот дел на испитаници се земени од средните училишта од главниот град Скопје, од причина што скоро половина од вкупната популација во РМ живее во главниот град, каде всушност се најзастапени и приврзаниците на новите верско-идеолошки учења и практики.

Табела 5. Дали користите социјални мрежи ?

Да Не
Скопје 59 /
Кичево 10 4
Струга 12 3
Штип 13 2
Вкупно 94 9
% 91,2 8,7

Од табела бр.5 поголемиот број на испитаници го имаат заокружено одговорот Да односно 91,2%, а 8,7% имаат заокружено Не. Ова не наведува дека средношколците во нашата земја масовно ги употребуваат социјалните мрежи.

Табела 6. Дали користите Facebook?

Да Не
Скопје 59 /
Кичево 12 3
Струга 12 3
Штип 15 /
Вкупно 97 6
% 94,2 5,8

Од табелата бр.6 можеме да забележиме дека дури 94,2% од испитаниците го заокружиле одговорот Да, а само 5,8 испитаници одговориле со Не. Од овде можеме да заклучиме дека Facebook е премногу користен од страна на средношколците, а особено во Скопје и Штип. Од оние кои биле испитани во овие два града секој испитаник го користи Facebook.

Табела 7. Дали користите Twiter или Instagram?

Да Не
Скопје 36 23
Кичево 10 4
Струга 11 4
Штип 5 10
Вкупно 62 41
% 60,2 39,8

Од табелата бр.7 можеме да видиме дека Twiter или Instagram не се толку често користени од средношколците во нашата земја. 60,2 % од испитаниците ги користат овие социјални мрежи, но не може да се занемари и големиот процент на испитаници 39,8% кои не ги користат овие две социјални мрежи. Овде можеме да констатираме дека е намален ризикот од опасност од неупотребата на Twiter или Instagram.

Табела 8.Дали некогашсте се нашле во лоша ( безизлезна) ситуација при комуницирање со пријателите?

  Да Не
Скопје 24 35
Кичево 5 9
Струга 6 9
Штип 8 7
Вкупно 43 60
% 41,8 58,2

Од табела бр. 8 – Дали некогаш сте се нашле во лоша ( безизлезна) ситуација при комуницирање со пријателите испитаниците го заокружиле Не односно 58,2% , а 41,8% одговориле со Да. Ова прашање не наведува на заклучок дека испитаниците се или внимателни при комуникацијата со пријателите, или пак точно знаат која е границата со која треба да комуницираат со обичен пријател и со оние кои се нивни навистина вистински пријатели.

Табела 9. Дали се знаете со сите пријатели кои ги имате на вашите профили Facebook, Twiter и Instagram?

  Да Не
Скопје 26 33
Кичево 1 13
Струга 2 13
Штип 8 7
Вкупно 37 66
% 35,9 64,1

Од табелата бр.9 можеме да забележиме дека дури 64,1% од испитаниците не се знаат со пријателите од нивните профили Facebook, Twiter и Instagram, а само 35,9% од испитаниците си ги знаат пријателите кои ги имаат на нивните профили Facebook, Twiter и Instagram. Она што е загризувачки при оваа табела е што испитаниците имаат голем број непознати пријатели на нивните профили Facebook, Twiter и Instagram што е голем ризик за опасност по самите испитаници.

Табела 10.Дали прифаќате непознати пријатели на Facebook, Twiter I Instagram?

Да Не
Скопје 30 29
Кичево 10 4
Струга 15 /
Штип 7 8
Вкупно 62 41
% 60,2 39,8

Од табелата бр.10 забележуваме дека дури 60,2% од испитаниците прифаќаат непознати пријатели на нивните профили Facebook, Twiter и Instagram, а 39,8% не прифаќаат непознати пријатели. Она што е друго доста интересно што од Струга сите испитаници си прифаќаат непознати пријатели на нивните профили Facebook, Twiter и Instagram.

Табела 11. Дали сте сигурни дека оние кои ги имате на Facebook, Twiter и Instagram дека нивните профили се вистински?

  Да Не
Скопје 44 15
Кичево / 14
Струга 2 13
Штип 11 4
Вкупно 57 46
% 55,3 44,7

Од табелата бр.11 – Дали сте сигурни дека оние кои ги имате на Facebook, Twiter и Instagram дека нивните профили се вистински, 55,3% од испитаниците заокрузиле Да, а 44,7% одговориле со Не.Многу се блиски процентите на одговори на ова прашање, но сепак поголемиот процент од испитаници се сигурни дека оние кои ги имаат на нивните профили имаат вистински профили, односно не се лажни профили. Овде не смее да се занемари дека сите испитаниците од Кичево не се сигурни во вистинските профили на нивните пријатели Facebook, Twiter и Instagram, што ја зголемува нивната опасност од несакани последици.

Табела 12.Дали комуницирате со непознати пријатели на Facebook, Twiter и Instagram?

Да Не
Скопје 15 44
Кичево 10 4
Струга 8 7
Штип 7 8
Вкупно 40 63
% 38,8 61,2

Од табелата бр.12 забележуваме дека 61,2% од испитаниците не комуницираат со непознати пријатели на нивните профили Facebook, Twiter и Instagram, а 38,8% или дури 40 испитаници комуницираат со непознати пријатели. Она што е друго доста интересно што многу се блиски овие проценти, но и дека покрај тоа што прифаќаат непознати пријатели дури 60,2% ( од табела бр. 10) сепак добар е процентот кои не комуницираат со нив. Учениците треба да разберат дека интерперсоналната е подобра од онлјан комуникацијата, и да се стремат на комуникација лице во лице.

Табела 13. Дали се плашиш да прифатиш непознат пријател на Facebook, Twiter и Instagram?

Да Не
Скопје 22 37
Кичево / 14
Струга 4 11
Штип 5 10
Вкупно 31 72
% 30,1 69,9

Од табелата бр.13 – Дали се плашиш да прифатиш непознат пријател на Facebook, Twiter и Instagram испитаниците одговориле со Не, дури 72 испитаника(69,9%), а 31( 30,1%) со Да. Ова е доста голем процент кој е навистина загрижувачки, кој не наведува на несериозност на средношколците од опасноста или пак не информираноста за ризикот и штетите од овој проблем.

slika2

Табела 14. Дали сте сигурни во оној со кој комуницирате од другата страна?

  Да Не
Скопје 38 21
Кичево 2 12
Струга 4 11
Штип 3 12
Вкупно 47 56
% 45,6 54,4

Од табелата бр.14 се забележува дека поголем е бројот на испитаници кои го заокружиле одговорот Не (54,4%), а 45,6 го заокрузиле одговорот Да. Поголемиот дел од испитаниците сепак не се сигурни во оној со кој комуницираат од другата страна. Секој кој комуницира преку Facebook, Twiter и Instagram треба да знае како да се заштити, како и за што треба да се користат социјалните мрежи,бидејќи никогаш неможе да се биде сигурен со кој навистина се комуницира од другата страна ( тоа е една од негативните причини поради која треба да се избегнува употреба на социјалните мрежи ).

Табела 15. Дали се вклучувате во разни групи кои ви ги праќаат Facebook, Twiter I Instagram?

Да Не
Скопје 15 44
Кичево 9 5
Струга 9 6
Штип 5 10
Вкупно 38 65
% 36,9 63,1

Од табелата бр.15 – Дали се вклучувате во разни групи кои ви ги праќаат Facebook, Twiter I Instagram голем е бројот на испитаници кои одговориле со Не ( 65 испитаница), но не е за занемарување и одговорот Да на кои одговориле дури 38 ( 36,9% ) испитаника. Социјалните мрежи денес се многу моќен фактор на социјализација и влијание, и на тој начин може да се влијае и врз прифаќање на одредени религиски доктрини. Затоа средношколците треба да бидат доста внимателни, или воопшто да не се вклучуваат во групи за кои не се доволно информирани или ризични по самата личност.

Табела 16. Дали знаете дека вашите лични податоци и фотографии на Facebook не се заштитени и можат да бидат злоупотребени?

Да Не
Скопје 58 1
Кичево 12 2
Струга 15 /
Штип 10 5
Вкупно 95 8
% 92,2 7,8

Од табелата бр.16 забележуваме дека дури 92,2% од испитаниците се информирани за основните опасности при самото логирање на Facebook, односно знаат дека лични податоци и фотографии на Facebook не се заштитени и можат да бидат злоупотребени.

Табела 17. Дали знаете дека со користење на социјалните мрежи немате никаква заштита , односно сте во опасност?

  Да Не
Скопје 58 1
Кичево 12 2
Струга 15 /
Штип 12 3
Вкупно 97 6
% 94,2 5,8

Од табелата бр.16 – Дали знаете дека со користење на социјалните мрежи немате никаква заштита , односно сте во опасност, 94,2% одговориле со Да, а 5,8% одговориле со заокружување на одговорот Не. Од овде можеме да констатираме дека кај испитаните средношколци се свесни за опасноста од социјалните мрежи.

Табела 18. Дали ве интересираат видеата на YouTube кои се гледаат и презентираат исламистички насилни подготовки за напади на светот?

  Да Не
Скопје 42 17
Кичево 11 3
Струга 10 5
Штип 10 5
Вкупно 73 30
% 70,9 29,1

Од табелата бр.18 можеме да забележиме дека голема е заинтересираноста на испитаните средношколци за видеата на YouTube во кои се гледаат и презентираат исламистички насилни подготовки за напади на светот, дури 73 испитаници. Ова е загрижувачка бројка која не наведува на “мисла” дали истите овие 73 испитаника сето тоа што е проследено во тие видеа некогаш и негде би го демонстрирале или пак сето тоа е од чиста љубопитност.

Табела 19. Дали мислите дека ако не ги користите овие социјални мрежи Facebook, Twiter и Instagram не сте во мода?

  Да Не
Скопје 12 47
Кичево 8 6
Струга 7 8
Штип 6 9
Вкупно 33 70
% 32 68

Од табелата бр.19 – дали мислите дека ако не ги користите овие социјални мрежи Facebook, Twiter и Instagram не сте во “ мода “ 70 испитаници одговориле со Не, а 33 испитаника го заокружиле одговорот Да. Ова не наведува на заклучок дека сепак овие средношколци не ги користат Facebook, Twiter и Instagram заради “ мода “ туку дека навистина ги користат заради себе. Овде има една позитивна страна, а тоа е дека средношколците се самостојни во донесувањето на одлуките, не влијае нивната околина.

Табела 20.Дали гледате видеа на YouTube во кои главна содржина е насилството?

  Да Не
Скопје 34 25
Кичево 8 6
Струга 8 7
Штип 9 6
Вкупно 59 44
% 57,2 42,8

Од табелата бр.20 забележуваме дека 42,8 % од испитаниците не гледаат видеа во кои главна содржина е насилството, но 57,2 % одговориле со Да. Една од клучните карактеристики на Youtube е тоа што посетителите можат да гледаат видео ( насилни ) содржини поставени на Youtube, а се наоѓаат на други веб-страни. Секое видео содржи дел од HTML адреса, кој овозможува истиот видео материјал да може да се постави на веб-страници надвор од Youtube. Оваа можност се користи за поставување на видеа на страници како што се социјалните мрежи и блогови. Со ова е овозможено гледање на видеата насекаде, што придонесува за насилни средношколци.

Табела 21. Дали некогаш ти било понудено да се вклучиш во некоја исламистичка радикална група?

Да Не
Скопје 7 52
Кичево 8 6
Струга 3 12
Штип 7 8
Вкупно 25 78
% 24,3 75,7

Сведоци сме на постојани вклучувања во “некои” исламистички радикални групи. Од табелата бр.21 – дали некогаш ти било понудено да се вклучиш во, некоја исламистичка радикална група, 25 испитаника одговориле со Да, а 78 испитаника го заокрузиле одговорот Не. Од тука можеме да заклучиме дека се работи на тоа, постојано да има зголемување на бројот на припадници на овие групи, а тука не е заобиколена и нашата земја.

Табела 22. Какви видеа гледаш најчесто на YouTube?

   Музика  Серии  Смешни видеа  Криминални   (акција) филмови  Хорор филмови  Едукативни видеа
 Скопје  7  8  16  17  7  4
 Кичево  2  2  1  5  3  1
 Струга  3  2  2  6  2  /

 

 Штип  1  3  2  5  4  /
 Вкупно  13     15  21  33  16  5
 %  12,6  14,7  20,4  32  15,5  4,8

Од табелата бр.22 забележуваме дека 33 испитаника гледат најчесто криминални филмови и 16 испитаника гледаат хорор филмови. Голема е бројката на испитаници кои YouTube најчесто го користат за филмови со застрашувачка содржина по секојдневното однесување. Овие филмови во некои случаи имаат одбрамбена, но и насилно-делувачка содржина. Мал е бројот на испитаници кои гледаат едукативни видеа, смешни видеа или за да слушаат музика. Добар е бројот на испитаници кои одговориле дека најчесто го употребуваат YouTube за серии (15 спитаници), но не посочиле какви серии. Тука се остава отворено ова прашање, какви се тие серии и како тие влијаат на нив.

Табела 23. Кои се опасностите од социјалните мрежи?

   Не знам  Злоупотреба на податоци  Злоупотреба на фотографии  Нема опасности
 Скопје  27  19  7  6
 Кичево  9  1  /  4
 Струга  10  1  2  2
 Штип  12  1  1  1
 Вкупно  58  22  10  13
 % 56,3 21,4 9,7  12,6

На прашањето кои се опасностите од социјалните мрежи, не добивме задоволителен одговор бидејќи од самата табела бр.23 се забележува дека најголемиот дел од испитаниците ( дури 58) не знаат. Другите испитаници навеле само неколку опасности, како што се: злоупотреба на податоци ( 22 испитаника), злоупотреба на фотографии ( 10 испитаника) и нема опасност ( 13 испитаника). Во 21 век жалосно е поголемиот дел од средношколци да не бидат информирани за основни работи, како што е опасноста од користењето на социјалните мрежи.

Табела 24.Дали знаеш колкава е опасноста од терористички напади?

  Да Не
Скопје 50 9
Кичево 5 9
Струга 8 7
Штип 10 5
Вкупно 73 30
% 70,9 29,1

Од табелата бр.24 – дали знаеш колкава е опасноста од терористички напади, 73 испитаника одговориле со Да, а 30 испитаника го заокружиле одговорот Не. Доволно добар е процентот од 29,1% испитаници со кои може да се манипулира за да се дојде до посакуваната цел, за нивно учество во некои терористички напади.

Табела 25. Дали гледате симулативни вежби на YouTube?

  Да Не
Скопје 25 34
Кичево 8 6
Струга 5 10
Штип 6 9
Вкупно 44 59
% 42,7 57,3

Од табелата бр.25 забележуваме дека поголем број од испитаниците одговориле дека не гледаат симулативни вежби, односно 59 одговориле со Не, а 44 испитаника одговориле со Да. Голем е бројот на испитаници кои одговориле со Да, и кои истите можат да влијаат на околината во која живеат.

Табела 26.Дали гледаните симулативни вежби ги применувате во општеството?

  Да Не
Скопје 11 48
Кичево 8 6
Струга 5 10
Штип 3 12
Вкупно 27 76
% 26,2 73,8

Од табелата бр.26 – дали гледаните симулативни вежби ги применувате во општеството, голем е процентот од 73,8 кои одговориле со Не. Од 103 иситаника, 27 испитаника одговориле дека ги применуваат гледаните симулативни вежби во општеството. Она што е позитивното овде што покрај тоа што големиот број испитаници од табелата бр.25 гледаат симулативни вежби, истите тие не ги применуваат во општеството, односно не е застрашувачка бројката од 27 испитаника од табелата бр.26.

Табела 27. Дали во вашата средина има насилно однесување од поедини личности?

  Да Не
Скопје 33 26
Кичево 10 4
Струга 8 7
Штип 4 11
Вкупно 55 48
% 53,4 46,6

Од табелата бр.27 се геда дека 53,4% од испитаниците одговориле дека во нивната средина има насилно однесување од поедини личности. Она што можеме да заклучиме од оваа табела е исто така дека средината во која живеат не е безбедна за нив. Тоа насилно однесување од поедини личности може, но и голем е ризикот од тоа насилство да завладее и кај останатите во средината на тие поединци. Ваквите личности се опасни за било која средина во општеството, бидејќи никој од нас неможе точно да ја предвиди целта на овие поединци.

Табела 28. Дали имате учествувано во нарушување на редот и мирот во твоето општество?

Да Не
Скопје 9 50
Кичево 10 4
Струга 5 10
Штип 5 10
Вкупно 29 74
% 28,2 71,8

Од табелата бр.28 се гледа 71,8% или 74 испитан ици одговориле дека немаат учествувано во нарушување на редот и мирот во општеството. Ова може да се каже дека е задоволително добра бројка, која што не не наведува на грижливост. Овде не смеат да се запостават и другите 29 испитаника кои можат негативно да влијаат на целото општество, бидејќи не ги знаеме нивните способностите и влијанието за масовно привлекување на луѓе кои можат да бидат вовлечени во нивните “замки “.

Табела 29. Дали ги оправдуваш нападите на разните исламистички групи врз невини луѓе?

Да Не
Скопје 1 58
Кичево 5 9
Струга 2 13
Штип 4 11
Вкупно 12 91
% 11,6 88,4

Од табелата бр.29 – дали ги оправдуваш нападите на разните исламистички групи врз невини луѓе, дури 91 испитаник одговориле со Не, а 11,6% или 12 испитаника го заокружиле одговорот Да. Она што е за пофалба овде е тоа што кај средношколците од овие градови кои беа вкличени во истражувањето, присутна е свеста за ризикот и опасноста на невини луѓе и не ги оправдуваат разните напади од исламистичките групи.

Табела 30. Дали си учествувал во групни насилства врз граѓаните од твоето општество?

  Да Не
Скопје 8 51
Кичево 10 4
Струга 4 11
Штип 6 9
Вкупно 28 75
% 27,2 72,8

Од табелата бр.30 можеме да заклучиме дека од 103 испитаника, 75 одговориле дека не учествувале во групни насилства во општеството. Мал е бројот кој учествувале во вакви насилства врз граганите во општеството. Кога одредена група на млади луѓе сакаат и се стремат кон решавање на секаков проблем преку насилство, тогаш потребна е промена во начинот на кој самите деца се однесуваат и како тие реагираат на насилството. Во целиот процес потребно е вклучување на секој од општеството.

Табела 31. Дали правиш нереди во твоето општество?

  Да Не
Скопје 8 51
Кичево 10 4
Струга 4 11
Штип 6 9
Вкупно 28 75
% 27,2 72,8

Говорот на омраза произведува и натамошни непожелни последици. Несанкционираното стигматизирање и демонизирање на односните групи со текот на времето ја слабее сензитивноста на општеството и охрабрува клима во која нивниот дискриминаторен третман се прифаќа како нормален. Насилството или егзистенцијалната закана која е имплицитна во говорот на омраза тогаш излегува на површината. Кога определена група ќе ја обесчовечите и со говорот ќе ја држите надвор од заедницата на еднакви, таа потоа лесно може да биде предмет и на физички напади и насилство. Она што се забележува од оваа табела бр.31 е дека мал е бројот на подржувачи, односно 27,2% од испитаниците кои го поттикнуваат овој дух на нетолеранција и деструкција, акој резултира со насилство или јавни нереди.

Табела 32. Дали групно правите нереди во твоето општество?

Да Не
Скопје 8 51
Кичево 10 4
Струга 4 11
Штип 6 9
Вкупно 28 75
% 27,2 72,8

Оние кои го користат или треба да бидат мотивирани од говорот на омраза е сосема можно да не дејствуваат по него. Исто така, и групата која е таргетирана со овој говор може да се воздржи од реакции или пак да биде премногу заплашена за воопшто да пружи отпор. Таков е случајот од оваа табела кој не наведува да заклучиме дека покрај сите притисоци и охрабрувања мал е бројот кој би се вклучил во групните нереди в о своето општество.

Табела 33. Дали познаваш некои целни групи кои се наменети и формирани за нарушување на безбедноста во нашата држава?

Да Не
Скопје 37 22
Кичево 11 3
Струга 3 12
Штип 6 9
Вкупно 57 46
% 55,3 44,7

Џихадизмот преку радикалниот екстремизам и тероризмот, претставуваат сериозна безбедносна закана за сите земји од светот, вклучувајќи не и сите нас. Поради тоа сите ние треба да соработуваме и преку соодветни мерки за навремена превенција и одговор да ги спречиме можните безбедносни проблеми кои овие групи би ги направиле во нашите земји. Голем е бројот на испитаници дури 57 кои познаваат целни групи кои се наменети и формирани за нарушување на безбедноста во нашата држава. Соочувајќи се со опасностите од враќањето на доброволци-џихадисти во земјава, кои се категоризираат како висок безбедносен ризик, Р. Македонија треба да направи исчекор и се вброи во земјите кои го санкционираат учеството на македонски државјани во странска војска, со кои би биле соодветно санкционирани оние кои би учествувале во регрутација и обука, во воени конфликти надвор од државата и во странски паравојски и терористички организации.

Табела 34. Наброј некои терористички организации

 Ал Каеда  Исис  Хезболах  Не знам
 Скопје  28  16  /  15
 Кичево  4  6  3  1
 Струга  6  5  /  4
 Штип  7  2  1  5
 Вкупно  45  29  4  25
 %  43,7  28,2  3,8  24,2

Тероризмот претставува незаконско користење насила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди населениетo или било кој сегмент од општеството во остварување на своите политички или општествени цели. Анкетираните млади средношколци се информирани за три терористички организации и тоа Ал Каеда 43,7%, Исис 28,2% и Хезболах 3,8%. Од овие терористички организации се забележува дека најпозната е Ал Каеда, но и доволно голем е бројот на испитаници кои не знаат да наведат некоа терористичка организација.

Табела 35. Дали ги браниш твоите права?

  Да Не
Скопје 58 1
Кичево 12 2
Струга 13 2
Штип 12 3
Вкупно 95 8
% 92,2 7,8

Дали ги браниш своите права, 5 испитаника одговориле Да, а само 8 го заокрузие одговорот Не. Правото на слобода на говорот е признаено како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права како и во меѓународните закони за човекови и граѓански права во International Covenant on Civil and Political Rights. Идејата за слободата на изразувањето е блиско поврзана со политичката дебата и концептот на демократијата. Добро е што младината ги знае и ги брани своите права, што се забележува од оваа табела.

Табела 36. Дали сакаш да се одмаздуваш?

Да Не
Скопје 26 33
Кичево 12 2
Струга 6 9
Штип 11 4
Вкупно 55 48
% 53,4 46,6

Одмаздата е всушност скриено зло кое што тлее во народот, и само чека повод за да излезе на површина. Одмаздата велат дека е најголемиот непријател на човекот. Прави што ќе правиш само не дозволувај да те опседне желбата да се одмаздиш на некого за лошо. Забележуваме од оваа табела дека голем е процентот на средношколци кои сакаат да се одмаздуваат.

Табела 37. Дали веруваш во твојата вера?

Да Не
Скопје 34 25
Кичево 8 6
Струга 9 6
Штип 9 6
Вкупно 60 43
% 58,2 41,8

На поимот „вера“ му се задаваат повеќе различни значења. Тоа покажува дека верата, во сите свои семантички варијации и пермутации, е исклучително важен чинител не само на нашите спознајни (гносеолошки) релации и искуства, туку и во нашиот секојдневен живот како соборни и морални битија. „Верата“ ја среќаваме и во нејзиниот основен граматички облик, но и како лексички корен на низа поими кои наѕидувајќи се на него се украсуваат со неброено мноштво значења. Од оваа табела гледаме дека голем е процентот на испитаници дури 43, кои не веруваат во својата вера. Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата.

Табела 38. Дали за определена сума на пари би учествувал/а во некои исламистички групи?

Да Не
Скопје 3 56
Кичево 5 9
Струга 3 12
Штип 5 10
Вкупно 16 87
% 15,5 84,5

Исламистичката трансверзала е многу присутна на Балканот, но за тоа кај нас многу малку се зборува. Исламистички центри се наоѓаат секаде во регионот. Во тие центри се создава јадро на европската Ал Каеда. Целта е привлекување на што поголем број членови во нивните групи, но им нудат и подобри можности за уредување на економските односи во општеството Она што нас би не загрижило е доколку од ова табела добиевме застрашувачки резултати. Од табелата бр. 38 гледаме дека само 10 испитаници би се вклучиле во некоја исламистичка група за одредена сума за пари.

Табела 39. Дали се имаш крваво одмаздено на некого?

Да Не
Скопје 7 52
Кичево 8 6
Струга 5 10
Штип 2 13
Вкупно 22 81
% 21,4 78,6

Од табелата бр.39 можеме да забележиме дека од 103 испитаника, 81 одговориле со Не а 22 го заокружиле одговорот Не. Одмаздата како појава во човековото битие е сложен процес кој трае, се потхранува и расте. Одмаздата преку пролевањето крв го обзема телото и владее потоа со него. Човекот не треба да се стреми кон одмаздување, туку кон решавање на проблемите на мирен и цивилизиран начин. Не смее да се дозволи овој број на крвно-одмаздувачи да се зголемува, напротив треба да се стремиме кон намалување на истиот.

Табела 40. Дали бурно се спротивставуваш на твоите неистомисленици?

Да Не
Скопје 8 51
Кичево 7 7
Струга 5 10
Штип 10 5
Вкупно 30 73
% 29,1 70,9

За да може да се оствари добра комуникација, потребно е соговорниците да го разберат контекстот на разговорот. Поагајќи од фактот дека и современото семејство денес ја занемарува полека воспитната функција, образованието има уште поважна задача и да го втемели она што е испуштено во семејството. Но, за жал малку се посветува внимание на воспитното надградување на младите, а тоа е од исклучително значење бидејќи токму преку воспитанието му се покажува на младиот човек што е правилно, посакувано, позитивно и добро во едно општество, а што е лошо, негативно и како треба да се насочува неговото однесување и дејствување. Со помош на воспитанието се одредува и односот на личноста кон самиот себе, кон другите, но и кон иституциите и на тој начин се гради еден сеопфатен механизам на комуникација. Оној кој е твој неистомисленик не е твој непријател, е факт кој младите потешко го разбираат. Од самата табела бр.40 се гледа дека бројката од 30 испитаника не е мала кој тој факт не го разбираат.

Табела 41. Дали учествуваш во демонстрации?

Да Не
Скопје 13 46
Кичево 9 5
Струга 10 5
Штип 10 5
Вкупно 42 61
% 40,8 59,2

Искажувањето на својот став јавно е несто што е дозволено во време на владеење на демократија во една држава. Честите исполувања на насилство и агресија од страна на младите меѓу припадници на различни етнички и религиски групи, се нешта кој стануваат се почести. За таа цел се организираат разни демонстрации, во кои секогаш не завршуваат онака како што се предвидувало или очекувало. Младите треба да размислат добро пред впуштање во вакви “пропаганди”, во кои “водичите”се оние кои се со исполнета мисија. Голема е бројката од 40 испитаници кои учествувале во разни демострации, а таа во најскоро време треба да биде намалена или елиминирана.

Табела 42. Дали ги поддржуваш непримерните демонстрации?

  Да Не
Скопје 7 52
Кичево 11 3
Струга 6 9
Штип 6 9
Вкупно 30 73
% 29,1 70,9

Дали ги поддржуваш непримерните демонстрации , 30 одговориле со Да, а 73 испитаника го заокружиле Не. До сега бевме сведоци на многу непримерни демонстрации во кој главната цел од сето тоа беа напади, повреди и уништување на “се пред себе”. Верувам во искреноста на верските лидери, во нивното поимање декларативно залагање и практицирање на религиската толеранција. Принципот на религиска толеранција подразбира не само декларативна заложба туку и директно имплементирање во животот, однесувањето и активностите на верниците. Овој принцип подразбира живеење на различните конфесионални заедници, не само едни до други и едни покрај други, туку живеење едни со други. За да овој принцип во својата исконска смисла вистински и искрено се декларира и практицира потребно е почитување и на сите вредности кои овој принцип во себе ги втакјува, тоа значи почитување на искреноста, чесноста, вистиноста, правдољубието и многу други вредности кои исклучиво го подобруваат позитивното, посакуваното и правилното во човековото однесување. Религиската толеранција апсолутно не подразбира и не поима хипокризија и затоа искрено се надевам и сметам дека она што се прави од верските заедници, а кое што е врзано со толеранцијата мирот и дијалогот се прави со искрени чувства и намери, бидејќи се друго би подразбирало директно урнисување на самата толеранција. Младите не треба да се користат за исполнување на некои свои желби, туку да се стремиме кон проработување на свеста кај нив за она “вистинското” во едно општество.

Табела 43. Дали оној кој не е истомисленик со тебе го сметаш за непријател?

Да Не
Скопје 4 55
Кичево 11 3
Струга 12 3
Штип 5 10
Вкупно 32 71
% 31,1 68,9

Оној кој не е твој истомисленик не е непријател, туку тој човек има различни ставови и сфаќања од тебе. Од 103 испитаника 32 не ја разбираат оваа паралела, што може да резултира со големи последици по општеството. Религијата допира до човековото најинтимно и затоа многу лесно можеш да испоровоцираш нечија реакција пласирајќи ја под псевдонимот на религиско прашање. Лично сметам дека е крајно вулгарно да се запалува искрата меѓу верниците и да се игра со религиските чувства, бидејќи кога чувствата, поготово чувствата поврзани со религијата испливуваат на површина, совеста е принудена да молчи. Секој треба да има свој став, да го брани она што е негово, но да знае што и како може да “делува”.

Табела 44. Дали имаш близок однос со твоето семејство?

Да Не
Скопје 53 6
Кичево 4 10
Струга 12 3
Штип 5 10
Вкупно 74 29
% 71,8 28,2

Семејството е животна заедница на родители и деца. Од носите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и меѓусебна заштита. Многу е важна атмосферата, разбирањето и блискоста во едно семејство. Голем е бројот од 74 испитаници кои имаат близок однос со своето семејство. Тоа е процес кој постојано треба да се надградува.

slika3

Табела 45. Дали познаваш некој пријател кој е вклучен во некоја терористичка организација?

Да Не
Скопје 34 25
Кичево 12 2
Струга 13 2
Штип 7 8
Вкупно 66 37
% 64,1 35,9

Дали познаваш некој пријател кој е вклучен во некоја терористичка организација 37 го заокружиле одговорот Не. Застрашувачка е бројката од 66 испитаника кој познаваат пријатели кои се вклучени во некои терористички организации. Оваа табела ни укажува дека тие најверојатно им нудат подобри можности за надминување на денешната сиромаштија, економ.криза, невработеност итн.

Табела 46. Дали во секое време од денот твоите родители се тука за тебе?

  Да Не
Скопје 54 5
Кичево 3 11
Струга 4 11
Штип 12 3
Вкупно 73 30
% 70,9 29,1

Родителите се оние кои треба да бидат постојано и во секое време да бидат тука за своите деца. Живееме во време во кое семејството е целосно запоставено, не водејќи сметка за последиците од тоа. Дали во секое време од денот твоите родители се тука за тебе, 73 испитаника одговориле со потврдниот одговор Да, а 30 од испитаниците се целосно запоставени од своето семејство.

Табела 47. Дали си сигурен/а дека за се можеш да се потпреш на твоите родители?

  Да Не
Скопје 31 28
Кичево 10 4
Струга 7 8
Штип 12 3
Вкупно 60 43
% 58,2 41,8

 Ништо не може да ја замени живата комуникација. Сведоци сме на се почести проекции создадени од самите родители дека на нивните деца им обезбедиле се што му е потребно( материјално), но каде е тука љубовта, сигурноста и хармонијата во семејството. Несигурноста во родителите е голем пропуст и недостаток при воспоставувањето на комуникацијата и разбирањето со своите деца. Еве и од оваа табела забележуваме дека дури 41,8% од испитаните млади не се сигурни во своите родители. Ова е нешто што навистина загрижува, и крајно време е родителите да се “освестат” и нивните деца да бидат на “ прво место “.

Табела 48. За што мислиш дека твоите родители никогаш не би ти помогнале?

   За се  За ништо  За штетни пороци(дрога) За кривично дело
 Скопје  31  15  6 7
 Кичево  2  7  4 1
 Струга  5  4  4 2
 Штип  6  8  1 /
 Вкупно  44  34  15 10
%  42,7  33  14,6  9,7

За што мислиш дека твоите родители никогаш не би ти помогнале 44% од испитаниците одговориле за се, 33% од нив одговориле за ништо, 14,6% одговориле за штетни пороци и 9,7% одговориле за кривично дело. Од овде можеме да констатираме дека голем е бројот на испитаници кои знаат и сметаат дека нивните родители, за се би им помогнале. Овде веќе станува збор за голем ризикот од злоупотреба на родителите од страна на младите.

Табела 49. Дали секојдневно разговарате со твоите родители за поминатиот ден?

Да Не
Скопје 51 8
Кичево 3 11
Струга 2 13
Штип 10 5
Вкупно 66 37
% 64 36

Еден од најкраткиот пат до остварување добра комуникација со своето дете е тој да комуницирате со “нивниот јазик” кој на нив им одговара, а тоа е најчесто користење на стилски фигури и жаргони прилагодени на нивната возраст. Најголемата “грешка” која ја прават родителите е поставување на бариери за одредени теми со своите деца. Несмее но и не треба да постои тема која би била “забранета” помеѓу родителите и децата. Дали секојдневно разговарате со твоите родители за поминатиот ден, 37 испитаника немаат таква комуникација и блискост со своите родители.

Табела 50. Дали ги оправдуваш христијанските обичаи?

  Да Не
Скопје 57 2
Кичево 4 10
Струга 10 5
Штип 11 4
Вкупно 82 21
% 79,6 20,4

Обичаите се дел од секоја вера во светот. Секоја вера има различни обичаи кои или се почитуваат или не. Од 103 испитаника 82 одговориле дека ги почитуваат христијанските обичаи, а 21 испитаник одговориле дека не ги почитуваат. Непочитувањето на обичаите од дригата вера е нешто што го влошува соживотот и надминувањето на предрасудите помеѓу етничките заедници во државата. Сонцето изгрева за сите – ова е мисла која треба да биде движечка сила за секој човек.

Табела 51. Дали разговарате со своите родители за безбедноста во светот?

Да Не
Скопје 42 17
Кичево 5 9
Струга 6 9
Штип 7 8
Вкупно 60 43
% 58,2 41,8

Дали разговарате со своите родители за безбедноста во светот, дури 41,8% одговориле дека не разговараат за тоа. Повторно доаѓаме во ситуација во која родителите и нивните деца немаат добра комуникација. Сето тоа може да резултира со несакани последици понатаму во животот.

Табела 52. Дали твоите родители имаат позитивно влијание врз тебе?

Да Не
Скопје 56 3
Кичево 5 9
Струга 12 3
Штип 11 4
Вкупно 84 19
% 81,5 18,5

Детето треба да верува и потпира на своите родители за информации и совети. Голем дел од истражувањата во светот, покажуваат дека децата се огледало на родителите. Родителот треба да биде водич за своето дете. Тој е оној кој треба позитивно да влијае врз своето дете. Од 103 испитаника на 84 од нив нивните родителите имаат позитивно влијание.

Табела 53. Дали твоите родители се грижат за твојата безбедност?

Да Не
Скопје 58 1
Кичево 9 5
Струга 12 3
Штип 12 3
Вкупно 91 12
% 88,3 11,7

Дали твоите родители се грижат за твојата безбедност, дури 88,3% од испитаниците одговориле со потврден одговор. Ако во изминатите табели бевме сведоци на далечината и лошата комуникација со своите деца, овде може да констатираме дека родителите се грижат за безбедноста на своите деца.

Табела 54. Дали знаеш што е тероризам?

  Да Не
Скопје 57 2
Кичево 10 4
Струга 12 3
Штип 14 1
Вкупно 93 10
% 90,3 9,7

Живееме во време кога технологија се повеќе оди во нагорна линија. Во минатото многу тешко се доаѓало до некоја посакувана информација. Постоеле поими настани за кои народот тогаш немал ниту чуено, ниту пак видено. Денешната напредна технологија ни овозможува буквално се. Секој податок, информација или настан, можеме веднаш да го провериме. Од 103 испитаника 93 од нив се информирани и знаат што значи тероризмот.

Табела 55. Дали знаеш колкава е твојата опасност кога би учествувал во некоја терористичка група?

Да Не
Скопје 51 8
Кичево 3 11
Струга 9 6
Штип 12 3
Вкупно 75 28
% 72,8 27,2

Во светот се повеќе и повеќе се зголемува бројот на разни терористички групи, кои се сериозна опасност и закана за секое општество. Дали знаеш колкава е твојата опасност кога би учествувал во некоја терористичка група, 75 испитаника ја знаат опасноста, но доволно голема е и бројката од испитаници со кои може да се манипулира, кои не знаат за оваа опасност.

Табела 56. Што претставува исламот?

  Не знаат  Религија  Систем на закони 
 Скопје  25  33  1
 Кичево  9  5  /
 Струга  8  7  /
 Штип  2  8  5
 Вкупно  44  53  6
 %  42,7 51,5  5,8

Исламот е една од трите најбројни монотеистички религии и нејзиното име значи покорување на Алахот. Иако муслиманите веруваат дека исламот постоел одсекогаш, тие сметаат дека Алах му го открил и пратил на Мухамед пред 1400 години во Мека, денешна Саудиска Арабија. Колку се знае и што за исламот се гледа во оваа табела бр.56. Дури 44 испитаници не знаат ништо за исламот, 53 од нив знаат дека исламот е само религија и 6 испитаника сметааат дека е систем на закони. Од овде можеме да констатираме дека голем дел од младите, дури 42,7% не се информирани, воопшто за исламот и неговото постоење.

Табела 57. Дали би се вклучил во некоја исламистичка група?

Да Не
Скопје 9 50
Кичево 11 3
Струга 8 7
Штип 7 8
Вкупно 35 68
% 34 66

Во последно време бројот на успешно регрутирани расте вртоглаво. Треба се често да се спроведуваат акции против муслиманските организации, обвинувани за радикализам. Исламистичките групи се повеќе се стремат кон освојување на територии во кои ќе владеат строги шеријатските закони. Од табела бр.57 дека голем е процентот од 34 испитаника кои би се вклучиле во некоја исламистичка група. Ова е загрижувачка бројка, но и проблем од друга страна на кој сериозно треба да се работи.

Табела 58. Дали би се вклучил во исламистичко радикално движење во Република Македонија?

  Да Не
Скопје 9 50
Кичево 11 3
Струга 8 7
Штип 7 8
Вкупно 35 68
% 34 66

Од макотрпната работа од областа на безбедноста можеме да констатираме дека Македонија е многу добар пример за земја која придонесува за стабилноста не само на Балканот, туку и во Ирак, Авганистан, што е многу важно за постигнување на целта – безбедност во светот“, Навлегувањето на исламистички радикални движења се повеќе ја разнишува оваа стабилност секаде во светот, па и во Македонија, Од табелава бр.58 можеме да забележиме дека на прашањето “дали би се вклучил во исламистичко радикално движење во Република Македонија? “ , 34 испитаника одговориле дека би се вклучиле во такви движења. Ова е проблем кој внимателно треба да се следи, но и реагира на истиот.

Табела 59. Што претставува христијанството?

 Не знаат  Религија
 Скопје  14  45
 Кичево  4  10
 Струга  7  8
 Штип  13  2
 Вкупно  38  65
%  36,9  63,1

Христијанството е монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот Завет. Христијанството е најраспространета религија. На прашањето што претставува христијанството, 65 испитаника одговориле дека христијанството е само религија, а 38 од нив не знаат што е всушност христијанството.

Автор: м-р. Катерина Василевска

Магистер по менаџмент со одбранбено-безбедносни ресурси во областа на управувањето со кризи и заштита и спасување