Пролетно согорување на калориите: Намирници за забрзување на метаболизмот

Дојде и тој период од годината кога секоја жена започнува да се грижи како ќе се вовлече во летните парчиња и ќе се избори со килограмите.

dieta_namirnici

Со помош на овие намирници, ќе го забрзате метаболизмот и ќе согорете многу повеќе калории од вообичаено.

Прва намирница: Зелен чај

Овој чај е богат со антиоксиданси па токму затоа има многу погодности по нашето здравје, вклучувајќи и забрзување на нашиот метаболизам. Тој содржи материи коишто се нарекуваат катекини и докажано ги редуцира маснотиите во телото, а кофеинот во зелениот чај е дополнителен стимуланс којшто го зголемува нивотот на енергијата којашто телото ја троши.

Втора намирница: Јајца

Без разлика дали јадете омлет, поширани или тврдо варени јајца, тие се дефинитивно ултимативен утрински оброк. Јајцата се сметаат за намирница која не снабдува со исклучително квалитетни протеини, а консумирањето на јајца го зголемува согорувањето на калориите. Една студија покажа дека појадокот на база на јајца го зголемува губитокот на вишок на килограми за 65 отсто кај гојазните луѓе коишто следат редуциран план на исхрана. Појадокот којшто е богат со протеини, како што се јајцата, го зголемува чувството на ситост и го забрзува метаболизмот за 10 отсто.

Трета намирница: Лути пиперчиња

Лутината на пиперчињата им дава нешто многу повеќе од само одличен вкус. Тие исто така му даваат на вашиот метаболизам максимална брзина. Истражувањата покажаа дека капсаицинот, природна супстанца којашто се наоѓа во лутите пиперчиња, им дава лут вкус, помага при топењето на вишокот на килограми поради потенцијалот да произведува топлина, согорува калории и топи масти. Лутите пиперчиња исто така го зголемуваат чувството на ситост и затоа јадете помалку.

Четврта и петта намирница: Кокосово и палмино масло

Консумирањето на цедено кокосово и палмино масло докажано го забрзува трошењето на енергијата и метаболичките процеси, велат клиничките нутриционисти. Една студија докажа дека жените коишто консумираат по две лажици дневно кокосово масло, имаат помалку масни наслаги околу половината и повисоко ниво на добар холестерол. Клучот е во лимитирањето на порцијата, бидејќи и двата вида на масла се исклучително калорични и содржат од 40 до 117 калории по лажица.

Шеста намирница: Немасни млечни производи

Бројни истражувања докажаа дека исхраната богата со калциум од млечни производи го забрзува топењето на вишокот на килограми. Зошто? Недоволното количество на калциум предизвикува отпуштање на калцитрол, хормон којшто го принудува телото да складира повеќе масти. Млечните производи со низок процент на масленост го поттикнуваат ослободувањето од вишокот на килограми, а во исто време му дозволуваат на телото да го апсорбира калциумот којшто му е потребен.

Седма намирница: Киноа

За да ги согорете мастите, мора во исхраната да вметнете намирници богати со влакна, за коишто е потребно повеќе време за да се сварат и така помагаат за забрзување на метаболизмот. Влакната исто така го зголемуваат чувството на ситост. Киноата важи за супержитарка којашто обезбедува 12 влакна по порција, речиси два пати повеќе од останатите житарки.

Осма намирница: Банани

Ова овошје има многу лоша репутација кога се работи за губењето на килограмите, но сето тоа е без оправдани причини. Како прво, една голема банана не обезбедува со речиси 500 милиграми калиумо коишто му помагаат на телото да ги регулира минералите и течностите и може да го забрза метаболизмот. Бананите исто така го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, а некои истражувања покажаа дека само ако помирисате банана, тоа може да го поттисне вашиот апетит.