Регионални Fujitsu партнерски награди за 2015/16 год. во рацете на две Македонски компании

На свечениот настан во Софија на 20 јули регионалната канцеларија на Fujitsu Technology Solutions која ги покрива државите Бугарија, Македонија, Албанија и Косово награди пет свои партнери во програмата Fujitsu Select Partner за изминатата финансиска 2015/16 година која заврши на 31 март 2016 година.

f-nagradi-00

Овогодинешната церемонија помина под мотото “The world is your workplace” посветена на дигиталната еволуција и трансформација на идните Fujitsu технологии, раскажана во слики. “Благодарение на новите Fujitsu технологии можете да работите безбедно и мирно, без разлика каде се наоѓате”, рече водителката на церемонијата.

Две од наградите беа доделени на партнери од Македонија, други две отидоа na партнери од Бугарија, и со една беше удостоен партнер од Албанија.

Како “Corporate Reseller of the Year 2015” на Fujitsu за изминатата финансиска 2015 година беше наградена македонската фирма со 32 годишно постоење и искуство во IT индустријата -“Семос”, која испорачува решенија базирани на Fujitsu технологија во комбинација со сопствен развој на преку 50 комплексни софтверски решенија.

Наградата се доделува на партнерот со најдобри резултати во изминатата година и највисок раст и посветеност кон брендот.

f-nagradi-01

Пламен Цанков, консултант зa технолошки решенија во Fujitsu ja врачи плакета на  Бобан Ивановски – Fujitsu Sales Expert од фирма фирма “Семос”.

Македонскиот партнер и дистрибутер на Fujitsu “Интек системи” беше прогласен за инфраструктурен партнер на 2015 година Наградата се доделува на компанија која покажала исклучителни резултати во успешното спроведување на комплетни инфраструктурни проекти и центри за податоци.

f-nagradi-03

Митко Пиперкоски, сопственик и менаџер на “Интек системи” ја доби наградата од Павлина Пеева, менаџер дистрибуција во Fujitsu кој појасни дека ова е долгогодишниот дистрибутер на Fujitsu во регионот, партнерство кое датира од 2002 година.

Специјален гостин на церемонијата беше Дејан Малич, директор на продажба во Fujitsu за регионот на Адриатик и Бугарија, кој врачи награда на бугарската компанијата “Контракс”, прогласена за партнер на Fujitsu за изминатата финансиска 2015 година .Јордан Јорданов се заблагодари на екипата на Fujitsu за извонредната поддршка.

Наградата за SMB партнер на Fujitsu за 2015 година отиде кај бугарското друштво “Евриста”. Таа се доделува на компанијата, покажала исклучителни резултати во сегментот на малите и средни компании, претставувајќи технологијата на Fujitsu.

f-nagradi-04

Тодор Тодоров, консултант технолошки решенија на Fujitsu врачи одликувањето на Виктор Марков, менаџер поддршка и услуги на корпоративни клиенти во “Евриста”.

Со награда за најдобар амбасадор на технологијата на Fujitsu беше одликуван Албанскиот дистрибутер BNT Electronics. Со наградата се удостојува партнерот со засилен фокус за производите на Fujitsu, кој се однесува со највисок степен на лојалност, комуникативност и тимска работа.

f-nagradi-05

Вера Чангорова, висок менаџер за партнери во Fujitsu ја врачи плакета на Јонилда Петани.

f-nagradi-02