Рио 2016: Нов златен медал за Мајкл Фелпс

Американскиот пливач Мајкл Фелпс е најуспешниот на досегашните тек од Игрите во Рио откако ноќеска го освои четвртиот златен медал.

Rio Olympics Swimming

Тој во финалето на трката на 200 метри мешано го освои првото место што е негов вкупно 22. златен медали на Олимписките игри или вкупно 26. медал.

Фелпс оствари време 1:54.66 минута. Среброто му припадна на Кусоке Хагино од Јапонија, а бронзата на Ванг Шун од Кина.

Во трката на 100 метри слободно кај жените беа доделени два златни медала. Исто време постигнаа Симоне Мануел (САД) и Пени Олексиак (Канада) – 52.70 секунди, што претставува и олимписки рекорд. Бронзата и припадна на Сара Сјостром од Шведска.

Во трката на 200 метри грбно кај жените златото го освои Рие Кането од Јапонија, „сребрена“ стана Јулија Ефимова од Русија, а бронзата и припадна на Ши Џинглин  од Кина.

Доминацијата на Американците во дисциплината 200 грбно продолжи откако Рајан Марфи победи во финалето, пред Мичел Ларкин од Австралија и Евгениј Рилов од Русија.