Roxette престануваат со концерти

Шведскиот поп дует Roxette објави дека ги прекинува концертните активности поради здравствени проблеми на пејачката Мари Фредриксон.

Image (12)

„Лекарите ѝ советуваа на Мари Фредериксон да престане со настапите и сите концерти кои беа предвидени за ова лето се откажани“, објави промоторот Live Nation. Се наведува дека веќе купените билети ќе бидат твратени

На акаунтот на Twitter бендот во вторникот побара од своите обожаватели да ги споделат со нив драгите спомени.

Не е објавено е за какви здравствени проблеми станува збор. На 57-седумгодишната Фредериксон во 2002 година ѝ беше дијагностициран рак на мозокот. По операцијата, хемотерапијата и зрачењата беше објавено дека ја победила погубната болест.

„Беа тоа блескави 30 години! Особено сум горда на тоа што се вратив по тешката болест и Roxette го обиколив светот неколкупати“, објави пејачката на официјалната интернет страница на групата.

Фредериксон и нејзиниот врсник гитаристот Пер Гесле тргнаа во 2014 година на турнејата „RoXXXette“ по повод 30-годишнината од формирањето на дуетот. Оваа лето требаше да ја одработат последната етапа од јубилејната турнеја.

Групата Roxette на преминот од осумдесеттите кон деведесеттите години од минатиот век доминираше на топ листите со хитовите како „The Look“, „Listen to Your Heart“ и „It Must Have Been Love“.

Во кариерата одржале 557 концерти пред милиони обожаватели, продале 75 милиони албуми, издадоа 51 сингл од кои четири стигнаа до врвот на американската листа на Billboard со што се еден од најуспешните бендови во поп и рок музиката.

Последниот сингл на Roxette со наслов „It Just Happens“ беше издаден на 8-ми април годинава и се наоѓа на нивниот десетти студиски албум „Good Karma“ кој ќе се појави на 3-ти јуни.

макфакс