Што откриваат неговите лоши навики?

Машкото однесување понекогаш навистина може да ги извади жените од такт. Дали лошите машки навики се безначајни или можат да покажат нешто за вашиот партнер: Еве што велат стручњаците.

mazi_naviki

Грицкање нокти

Оваа навика покажува несигурност, стрес, нервоза и недостаток на можност за самоизразување. Позади оваа навика се кријат психолошки, ментални и емотивни проблеми.

Чепкање нос

Лоша навика која добар дел од мажите ја правдаат со „затнат нос“ поради кој не можат да дишат. Океј, и да е затнат, постојат хигиенски марамчиња. Луѓето кои ја практикуваат оваа навика не се склони кон хигиената, а и воспитувањето не им е силна страна. Човек кој го чепка носот отворено и без да се крие воопшто не размислува како влијаат неговите постапки на луѓето околу него.

Често пцуе

Мажите кои пцујат не ја разбираат моќта на зборовите. Океј, доколку пцуе кога гледа фудбалски натпревар и не е толку страшно, но доколку моќта на пцуењето ја вежба на вас – не треба да го трпите.

Постојано се јавува кај мамичка

Човек кој и ѕврцка на својата мајка за да донесе било каква одлука не е воопшто независен, ниту пак има сопствен идентитет. Ова е лошо доколку сакате да создадете долгорочна врска со него. Нема да ви се обраќа на вас кога ќе се најде во проблеми, туку ќе ја бара својата мајка, затоа што сеуште од неа бара одобрение за своите постапки.

Остава нечисти садови

Мажите кои оставаат нечисти чинии и чаши на маса или во мијалникот и „забораваат“ да ги измијат се непромислени. Не се чисти, уредни, ниту организирани. Ова однесување може да значи дека се склони сите обврски да ги оставаат за утре, па кога ќе се насоберат чекаат некој друг да го среди тоа што го зезнале.