Скопјанка претепана од поранешниот партнер и оставена полугола на улица

Скопјанка на 52-годишна возраст, вчера била претепана и понижена, откако нејзиниот поранешен партнер ја нападнал, а потоа ѝ го соблекл долниот дел од гардеробата и ја исфрлил од својот автомобил на улица во населбата Железара. Жената потоа се качила во такси и стигнала до центарот на Скопје, на улицата Аминта Трети (поранешна Ленинова).

nasilenMaz

Случајот бил пријавен во полиција вчеравечер, при што било кажано дека на улицата Аминта Трети има жена со повреди на главата и на телото. Тепаната скопјанка на полицајците им кажала дека нејзиниот поранешен љубовен партнер ја зел со автомобил, ја однел на последната автобуска постојка во Железара, каде ја тепал, а потоа ѝ го соблекол долниот дел од гардеробата и ја исфрлил полугола на улица. Скопјанката потоа со такси стигнала до улицата Аминта Трети.

Екипа на брза помош ја однела повредената и понижена жена во Ургентниот центар Скопје, каде биле констатирани тешки телесни повреди и таа е задржана на лекување.

СВР Скопје соопштува дека презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Мета.мк