Слава им на големите умови

marija_pВеќе неколку дена читам статуси и колмни за некоја реклама против насилството. Го гледав линкот постиран во хоум пејџот на Фејсбук, но никако да го отворам и да видам што всушност има во него.

Искрено речено се разочарав кога ја изгледав таа мизарна ствар. Според нарачателите во металот и панкот изгледа е проблемот? Не можам да разберам како е можно вкусот за музика да е причинител за злото што се дешаваат на светот!

Да речеме дека нашиве родители се најголемите криминалци, убијци и анархисти пошто во нивно време Ролинг Стонс, Дорси, Џенет Џоплин, Пинк Флојд, Дип Парпл, Лед Цепелин , Џими Хендрикс, Алис Купер и остала екипа жареле и палеле. Извинете, али јас пораснав со татко кој е рокер и колку што јас знам никогаш немал проблем со законот и за ништо никогаш не бил очи во очи со него. Така да, како дете на рокот ако можам така да се наречам и јас се занесов по таа енергија која ја предизвикува таа музика. Во лудите тинејџерски години се облекував во некој благ рок стил. Темни очи, црни блузи и маички, црни пантолони и старки ми беа секојдневие. Имаше една случка која никогаш нема да ја заборавам. Облечена јас во цевка фармерки, црна блуза, над неа темно сина маичка и исклучително црно креонче околу очите влагам во автобус. Се беше океј се доека не станав и тргнав кон средната врата за да се симнам на следната станица, жената до мене ме погледна со презир ме измерка од глава до пети. Само ја погледнав и таа отиде на крајната врата. Што и згрешив? Што и направив? Зар на такво зло предупредуваат властиве? УЖАС! Да бев некоја нафурана шмизла со ЛИИИ – ЛАА ЕФЕКТ У ГЛАСОТ, измутиран до даска сигурно жената супер ќе се осеќаше што воошто сум до нејзе. Аха истата таа шмизла што се начукува секоја сабота у некој ноќен клуб и истата таа што облака миничи чисто да го покријат задникот и деколтирана до некај каде блузичка.

Да бидам реална и јас знам да се опуштам уз српско. Па, на Цеца ако не се проплакаш и истуриш . . . сигурно нема на Смоук он д вотр. Слушам и рап и ми лежи на душа, дури и пробувам да пишувам рап музика и да рецитирам. Знам да денсам и на аренби и хип – хоп и да заиграм самба и салса, валцер со саканиот или едноставно да си пуштам класика за опуштенција. Да отидам на транс журче. Све на све слушам баш све!

Летоска бев у Београд на дарк – електро журка. Фантастично си поминав. Имаше баш такви металци, имаше баш такви искулирани цури. Се изнарипав и изнаиграв за сите пари. Таму немаше меркање од глава до пети колкава и каква штикла носиш, дали фустанчето е уникат или секојдневие низ град. Тука бре на улаз у дискотека те гледаат и со поглед стрелаат. Хит – муабет им е: Лелее цуци види ја онаа, ццц .  ..  сељанка бе брат кај се носи толкави штикли мори чопло една, бар да знаеше да оди. Море остај, а онаа? Иди дома ма! . . .

Извини девојче си дошла као модно жири или да се журкаш? Не, не сфаќам што ти е фората  . . . извини . .

Би сакала да има уште некој клуб као Маракана пошто тоа ми е клуб за уживанција.

Знам многу металци, дарк металци, хард кор луѓе кои многу ми помогнале отколку КРЕМЦИТЕ. Еден ден коа јас ќе имам деца би им ја пуштала истата музика со која пораснав за да им докажам дека некогаш некаде и негде нивните баби и дедовци слушале квалитетно парче. И за крај искрено што да им пуштам бе? Крис Браун што си ја тепаше девојката,  пејачките кои голи се фотографираат за слава?? Или боље Били  и Грин Деј кој се покажал како исклучителен татко и без проблем им мењал пелени и пишувал песни.

Слава им на големите умови. Слава им на Џим Морисон и Курт Комбејн.

И, запомнете ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ.

 

Марија Прличкова

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме).

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.