Еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, „The Prodigy“ за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
„„The Prodigy“ доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „Invaders must die“, со кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми“, соопштуваат организаторите на концерто „Авалон продукција“.
„The Prodigy“ имаат продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat od the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“…
Како што деновииве тие најавија, за „The Prodigy“ можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија.
Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (16-ти мај) 9 часот, а сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок во 19 часот.