Трикови со кои хулахопките ќе ви траат подолго

Колку пати досега ви се случило да решите да облечете хулахопки, но во самиот процес на облекување многу лесно да ги искинете? Постојат неколку мали правила кои треба да ги примените, за никогаш повеќе да не се кинат за време на облекувањето.

hulahopki

Еве што точно треба да направите:

1. Проверете на кутијата дали хулахопките се вашиот број, по табелата за висина и тежина.

2. Погледнете дали имаат предна и задна страна, бидејќи некои имаат, а некои не.

3. Пред облекување нанесете лосион за тело на рацете, нозете и стапалата.

4. Извадете го накитот или часовникот од рацете, за да нема на што да се закачат хулахопките.

5. Навртете ги хулахопките од горниот дел кон прстите за полесно да ги облечете ногавица по ногавица.

6. Не брзајте, полека навлекувајте ги од доле кон горе за да не пукнат.

7. Со раце поминете ја целата површина на вашите нозе за да проверите некаде да не имате набори.

8. Пред да ги облечете чевлите, проверете дали рабовите се мазни.