Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа над Феникс со 97:77, но потегот на натпреварот го направи еден навивач кој постигна кош од половина терен.
Имено, еден навивач во паузата помеѓу двете полувремиња доби шанса да шутира тројка од половина терен. Тој успеа да погоди и да заработи чек на 95.000 долари.
„Овие пари ќе ги искористам за да купам билет за последниот меч на Коби Брајант“, рекол навивачот.