Уловил куфер со делови од женско тело во Австрија

Еден човек што се шетал покрај езерото Траунси, во Горна Австрија, уловил куфер во неделата, а кога го отворил, во него нашол делови од расчеречено женско тело.

ezero-avstrija

Обвинителот вели дека сведокот рекол дека во куферот јасно видливи биле стапала и раце.

Полицијата го пребарала брегот на езерото со куче-душкало, и во понеделникот утрото најден е уште еден куфер со останатите делови од телото.

Првиот куфер бил пронајден во близина на ресторан кој е затворен во зима.

По аутопсијата се утврдило дека се работи за жена на возраст од околу 70 години.

Полицијата смета дека таа може да е убиена скоро. Но, не откриваат повеќе детали, за тоа во каква состојба било телото, ниту како починала, во интерес на истрагата.

Потврдија дека најденото тело не одговара на описот на ниту еден од пријавените исчезнати лица.

Извор: Макфакс