Во чест на Тоше, нашиот великан!

marija_pАнгелу, чиј си сега ти? Каде си? Во чија близина си?

Да можеше да ме погледнеш во очи ќе ја видеше тагата во нив по тебе што те нема, иако само од тебе душата остана. Ќе видеше колку се чувствувам виновна што не бев на ниту еден твој концерт, помислив дека твојот живот уште долго долго ќе трае . . . и игрите на твоите песни ќе бидат засекогаш без граници. Се чувствувам сеуште добро додека ги слушам твоите песни, иако знај дека солзите во секоја секунда од секоја твоја песна се спремни да протечат. Знам дека си на добро место сега, знам дека Господ те чува . . . знам дека во рајот те сместил зошто човек како тебе еднаш се раѓа!

Ме научи да не го повредувам оној што го сакам, не научи сите дека треба да го спасиме заедно светот, да не лажеме бидејќи некој ќе биде наша казна.

Се прашувам дали си сега ѕвезда северница, дали живееш некој егзотичен сон, дали има ден повторно таму негде горе да те слушаме како некогаш? Дали ќе најдеш жена балканска, некоја малечка и убава . . . која ќе ја наречеш љубена, во чии руси коси ќе и’ спиеш, која нема да прашуваш дали те сака само со зборови и за која ќе си спремен да играш и руски рулет само за да ја измамиш нејзината насмевка бидејќи сигурно многу ќе ја сакаш . . . која ќе ја врзеш за себе, која ќе биде синоока и босонога, за која ќе го лажеш секој нов рефрен, чии образи никој нема да ги гризе, која ќе биде среќна . . . која нема да биде студена и нема да има срце од камен. Дали некогаш и негде ако постои живот после животот ќе ја доживееш таа магија или ќе остане само илузија? Дали малечко мое, кога ќе зајде јасното сонце, ќе се вратиш повторно на местото на злосторството каде сите не остави од тага по тебе како полски цвеќиња.

Дали оваа несоница некогаш ќе помине? Што е до мене мислам дека никогаш нема да заврши оваа болка в гради. Ќе посакав да ме држиш цврсто, ќе посакав да останам исто среќна и весела исто додека ти шеташе по планетава.

И сега додека гледам во месечината низ прозорецот во оваа соба за тага, крајно време е да знаеш дека сакам да ти кажамсамо: Извини, што никогаш во живо не го слушнав твојот глас иако те видов и добив твој автограм. Извини, но јас не сум виновна што слепо верував во тоа дека еден ден на некое парче од Европа ќе присуствувам на твој концерт. Иако си далеку од мене и не знам зошто отиде . . . ќе ти кажам уште една тајна: Најтешката работа беше разделбата твоја со сите нас .

 

Марија Прличкова

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме).

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.