Во неделата издадени потврди за влез во земјата на 2.120 мигранти

Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 2.120 странски државјани, од кои 912 се од машки пол, 409 се од женски, 791 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

migranti

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-852, Авганистан–822 и Ирак-446.

До Секторот за азил, во периодот преку викендот не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Извор: Макфакс