Во Скопје, ама како да не се од Скопје

aleksandarСе возам со точак низ моето драго Скопје, возам… ама кај да возам? Секаде, ама буквално секаде паркирани КОЛИ, па добро бре да му е**м мајката толку ли се очајни скопскиве возачи? За 40 денари за паркинг? Озбилно? Што би рекол Кили… МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕ*ЕШ бре… вози Мерцедес s500 од 2013 ама го паркира на тротоар у сред центар на град, ај да разберам некој со фичо, нема 80 денари у новчаник за литар бензин, па да нема за паркинг… ама фичото не е Мерцедес… фичото е 2 метра долго, додека Мерцедесот на дотичниот господин е долг 5 метри, и што сеа?  Што да му кажам на тоа? До толку е малоумен да не му текне дека блокира пат на секој што сака да се движи секако освен со кола или мотор? До толку да се нема осет за друго човечко битие на планетава, освен за него и за неговиот Мерцедес? Трагедија… незнам што да коментирам… мислам дека и сами знаете што сакам да кажам, има 120 000 евра да го плати мерцедесот и дури тие 5000 кубни сантиметри да ги нафтаса со бензин… а нема 40 денари за паркинг… because fuck logic that`s why.

Исто така возејки се со кола низ моево сакато… оооова сакано Скопје застанувам на семафори и чекам за  да одам десно… не дека на семафорот нема дополнително светло за десно кое е во мојов случај ЗЕЛЕНО… ама ку**ц нема да поминам пошто против сите закони на природата ми се погоди некој сељак од зрзе или од некое централно-македонско село кој со некој раскапан мотор стоеше во мојата лента која предвидува движење на десно… и не би било културно да биде попречена ако сакате да се движите право… ОЗБИЛНО БЕ СЕЉАЧИНО? -НИЈЕ ТИ ОВО ЗРЗЕ СЕЉАЧИНО… тука имаме семафори, правила и култура на возење (дооообро бе добро може не беше од зрзе… ама исто како да не е од Скопје), не дека нема скопјани што го прават истото… И сеа неможам да разберам која е поентата да сметаш на 5, 6 коли во твојата позадина да не може да поминат таму каде што имаат право само за ти да бидеш прв на семафор, не дека не смееш да стоиш, лентата важи и за тебе, можеш да одиш право по неа, никој не го спори тоа, ама имаш уште една во која не е предвидено вртење десно во која не му сметаш на никого и слободно можеш да се движиш право… амааааа нееее не си прв на семафор, може нема да го фатиш семафорот, па ке чекаш 2 пати… епа сеа, иди од каде што нема семафори…

Пак се возам со кола… пред железничка, исто така господин со Мерцедес стои на СРЕД ЛЕНТА… ејјј НА СРЕД ЛЕНТА и чека, а на соседната лента фрштат коли и оди ти праи 45 маневри за да го заобиколиш… па ќе ти свират, па ќе се вадиш од памет, па ќе те пцујат…  зашто? Пошо господинот со Мерцедес неможе да се помрдне малце по на десно за да има место да помине уште една кола… и глеам на ретровизор табличка ПП… и се ми стана јасно, ПРОВИНЦИЈОООООООООО домашно воспитање 0, етика во собраќај имате цела книга која поприлично треба да ја знаете на памет за да положите возачки испит… убаво рекле ќотекот од рајот излегол.

Се возам пак со точак… лабаво, си слушам музиче, пилам кока-кола со едната рака и одеднаш БЕЛА ОГРОМНА КОЛА ПРЕД МЕНЕ… на тротоар, локација пазарот Буњаковец… кочи кочи кочи… едвај докочив симнувам слушалките и идам да се расправам… што да видам, жена, викам сеа ако ми прозбори на диалект ќе и ја удрам главата од волан… (не немаше да и ја удрам главата од волан… во ред!), и почнувам да се карам… дури ми вика возиш брзо… а ја сум на тротоар возам точак… со една рака, колку можам да возам брзо? имаше пцуење и карање 5 добри минути дури да ми помине гневот, ама што беше главниот проблем? -БЕШЕ ОД СКОПЈЕ…

Затоа драги мој СКОПЈАНИШЧА учете етика во собраќај, применете малце домашно воспитиување и цивилицирајте се, не бидете ко од планина симнати.

 

Ел Риџо

 

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: