Еве кој ги тргнал „бомбите“ од ЈуТјуб каналот на СДСМ

bombi-sdsm-izbrisani youtube

Седумнаесетте „бомби“ избришани од официјалниот канал на СДСМ на „Јутјуб“ биле тргнати по пријава од „ОМД Нетворк“, кој е корисникот што досега го правеше истото (бараше да се отстранат) видеа на „Нова ТВ“ од Шарената револуција и студентските протестина објавени на „Јутјуб“, пишува „Нова ТВ“.

Сепак, како што нагласува после аргументација испратена до Јутјуб, видеата биле вратени.

„ОМД Нетворк“ е истиот корисник кој досега редовно ги пријавува и видеата на НОВА. Досега оваа мрежа успеа да блокира неколку видеа на НОВА од Студентските протести и Шарената револуција, како и прес конференции на Специјалното јавно обвинителство. По аргументациите, „Јутуб“ ги враќаше видеата назад“, пишува порталот.

Извор и фотографија: Мета.мк