Зачувајте ги мекоста и влажноста на вашата кожа и во зима

Сушењето на кожата во студените денови може да го спречите и со храна: морковот е толку добар за тенот, па добро би било доколку го конзумирате секој ден. Одлични се и лимонот, брокулата, спанаќот, папајата..

lice_nega_zima

Некои од овие продукти секојдневно нека бидат на вашето мени во зимските денови.

Морковот е толку добар за тенот, па препорачливо е да го јадете буквално секој ден. Преку него ќе ги внесете витамините А и Ц, а ќе ви помогне и со брчките на лицето.

Лимонот е важен за колагенот во телото. Ова овошје е богато со витамин Ц, кој е многу важен за здравјето на кожата. Покрај тоа, доколку имате траги од рани, ќе ја намали нивната видливост.

Брокулата е многу богата со витамин А, па е важна за регенерација на ќелиите. Консумирајќи ја брокулата вие ќе ја подмладите вашата кожа и ќе го спречите прераното стареење.

Зголемете го неделното внесување на спанаќ, бидејќи овој зеленчук е богат со витамин А, ја подигнува енергијата и го разубавува тенот.

Папајата е богата со антиоксиданси. Таа ги отстранува мртвите клетки и произведува нови. Сакате вашата кожа да сјае и во зима? Измешајте пола папаја со јогурт и тоа нанесете го на вашето лица. По 15 минути измијте се со топла вода.

Компирот ја зголемува количината на антиоксидансите во телото. Консумирајќи компир ќе ги намалите несовршените делови на вашата кожа.

Портокалот поради витаминот Ц, го подобрува квалитетот на кожата и го успорува процесот на стареење. Јадете портокал секојдневно.