Започнете го јуни со одлични серии на Pickbox

Pickboxи оваа година е една од најдобрите платформи кога се во прашање новите серии. Освен што на екраните ги донесе Пол Џијамати и Демијан Луис во „Милијарди“, Фифти Сент во серијата „Моќ“, Били Боб Торнтон во „Фарго“, тука се и три одлични серии со кои ќе сакате да го поминете јуни.Подгответе се за многу нови епизоди зашто на 1.6. доаѓаат втората и третата сезона на „Црни едра“(Black Sails), крими-серијата „Смрт во рајот“ (Death in Paradise)која се одвива во тропските области, како и драмата „Изопачено“ (Twisted).

FOTO 1_kolaz na sliki od serii

Втората сезона на „Црни едра“ е полна со изненадувања

Ако сѐ уште не сте успеале да се закачите на најдобрата пиратска серија во историјата, ова е идеално време да се префрлите во пиратско расположение и да се одомаќините со екипата на брадестите неранимајковци од серијата „Црни едра“.

Втората сезона во вашите домови ќе истовари многу авантури, насилство, пресметки на копно и на море, а секако дека ќе има и голотија затоа што пиратите многу сакаат да посетуваат голи дами во борделите додека се на копно.

Тие што ја гледале првата сезона, ќе знаат која е намерата на капетанот Флинт (Тоби Стивенс)и неговиот екипаж, каде ќе се најдат на крајот од првата сезона и што ќе им ги загрози плановите, а оние што уште немаат гледано ништо, само нека знаат дека автентичната атмосфера и комплексните заплети ќе ги однесат директно во 1715 година, уште подлабоко во минатото отколку „Островот со богатството“.

ФОТО 2 _ црни едра

Тропска детективска загатка

Баш како и „Црни едра“, и детективската серија на Би-би-си, „Смрт во рајот“ се случува на Карибите. Поточно, на островот Сен Мери кој, со оглед на бројот на жители, има необично голем процент на убиства годишно. А поради тоа што островјаните не знаат да се справат со толкуте убиства, на островот пристигнува еден британски ексцентрик (Бен Милер) кој мрази песок, сонце и сето она што го прави островот идеална туристичка дестинација. Човекот што сред лето носи костуми и не го поднесува островскиот живот е детектив со совршена интуиција за убијците и криминалците.

Оваа тропска криминалистичка драма по епизода ја гледаа и до 8,5 милиони луѓе, а на Pickbox од 1.6. се достапни дури четири сезони. Секоја епизода ве чека по едно таинствено убиство, а освен многу напнатост, можеме да ви ветиме и многу сонце.

ФОТО 3

Тинејџерска драма што не е тоа

Замислете тинејџерска серија која не е само за тинејџери и која итро и паметно гради мистерија околу убиства. Ако додадете уште и комплицирано и таинствено момче како Дени (Аван Џоги)кој има крваво минато, па уште неколкумина тинејџери кои нешто кријат, ќе ја добиете „Изопачено“– итра серија за едно момче кое на 11 години ја убило својата тетка и кое по пет години го сомничат за уште едно убиство.

Оваа серија е достоинствено продолжение на паметните тинејџерски трилери кои понекогаш умеат да заплашат со мрачната атмосфера, но кои се вистинско уживање да ги гледате.

Задржете го здивот и фрлете се на комплетната серија која гарантирано ќе ја изгледате за само неколку дена.