Не е грев да грицнете нешто пред спиење, но секогаш треба да внимавате при изборот на производите.
Нутриционистката Ангела Лемонд тврди дека е важно човек да јаде кога е гладен, без оглед на тоа колку е часот, пишува списанието „Women’s Health“.
Трикот е во тоа да внимавате вашиот полноќен оброк да не го покачи нагло шеќерот во крвта, да не предизвика желба за поголема количина на храна од онаа што ви е потребна или да не ви додаде килограми.
Овие пет оброци би требало да ве држат сити до утрото без последици за вашата линија:
● пола банана и неколку бадеми
● пола јаболко и малку немрсно сирење
● пола чаша грав и една пченкарна тортилја
● чаша боровница и чаша јогурт
● еден до два моркови и две лажици хумус