Апелација одлучи, Талески останува во домашен притвор

Апелација во среда ја одби жалбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески кој бараше да биде ослободен додека трае кривичната постапка за случајот „Транспортер“, со што тој и натаму останува во домашен притвор.

Image
Градоначалникот на Битола веќе девет дена се наоѓа во домашен притвор, иако неговите адвокати даваа гаранции дека тој нема да ја напушти државата.

Талески е првоосомничен во акцијата Транспортер. Според СЈО тој ја злоупотребил службената положба и направил 81 противправно дело со незаконски тендери за транспорт на учениците во Битола.