За Атина не постои прашањето за Чамите

Официјална Атина соопшти дека не постои прашањето на Чамите (протерани Албанци од Грција) што постојано го покренува Тирана, јави дописникот на Макфакс.

Image

Тоа е инегзистентно прашање кое не треба да се поставува во билатералните односи на Албанија и Грција, е одговорот што Атина го достави до Тирана. Овој став на Грција дојде по интервјуто на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати кој прашањето за Чамите го покрена во интервју за тиранската телевизија „Топ чанел“.

Медиумите во Тирана пренесуваат информација во која грчкото министерство за надворешни работи  оценува дека покренувањето на прашања за Чамите директно негативно влијаат врз билатералните односи на двете земји. „За Грција такво прашање не постои“, се нагласува во  грчките новински агенции чии информации ги пренесуваат медиумите во Албанија.