Лидерот на ХДЗ Карамарко поднесе оставка од вицепремиерската позиција

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко во средата поднесе оставка од вицепремиерската позиција во хрватската влада и ги повика премиерот Тихомир Орешковиќ и лидерот на Мост и вицепремиер Божо Петров да го го направат истото, пренесуваат хрватските медиуми.

Image (3)

Одлуката за оставката била донесена пред недела дена и се совпадна со одлуката на Комисијата дека постои судир на интереси, но нема никаква врска со неа, рекол Карамарко.

Тој најавил дека во четврток ќе гласа за отповикувањето на Орешковиќ и дека потоа ќе се оди на реконструкција на владата. Карамарко додал дека Независната листа Мост не била коректен партнер во владејачката коалиција, а истото важи и за односот на Орешковиќ кон ХДЗ, „која на свој грб го носи неговиот мандат“.

макфакс