Луначек: Косово е условот за Србија да стане дел од ЕУ

Србија нема да стане членка на Европската унија (ЕУ) без признавањето на Косово, поради тоа што ЕУ ќе ги прифати само оние земји кои имаат јасно дефинирани граници, соопшти потпретседателката на Европскиот парламент (ЕП) и известувач за Косово, Улрика Луначек, пренесуваат српските медиуми.

Image (13)

„Точно е дека признавањето на Косово не е формулирано во правните текови на ЕУ, како ни во ниту едно од поглавјата“, изјавила Луначек на конференција во Белград. Според нејзе, ЕУ во поновата историја тоа правило го прекршила само за влегувањето на Кипар, „земја која нема јасно дефинирани граници поради турската окупација“.

„Во тој поглед, сигурна сум дека Србија нема да може да пристапи во ЕУ без да го признае Косово, не поради мене туку поради тоа што прифаќаме само земји кои имаат јасно дефинирани граници“, рекла таа, додавајќи дека „внатре во ЕУ тие граници се уриваат, како во територијална смисла, така и во умовите и срцата“.

макфакс