Мигранти демолираа грчко полициско комбе во Идомени, полицијата употреби солзавец

Грчката полиција во понеделник истрела солзавец на мигрантите кои нападна полициско комбе, откако претходно беше ранет еден мигрант во кампот Идомени, на грчко-македонската граница.

Image
Мигрантите со камења го искршија ветробранското стакло, а потоа полицијата ги растера, објаснија од грчката полиција.

Владин извор појасни дека се случила „тешка несреќа“ во која еден 40 годишен Курд бил ранет во главата.

Во понеделник вечер сѐ уште не беа познати околностите во кои бил ранет тој човек во пренатрупаниот камп, во кој возилата мораат полека да се движат.