Побарано 152 години затвор за имами од Албанија што регрутирале борци

Албанското јавно обвинителство за тешки кривични дела, во вторникот, побара од Судот во Тирана да се изрече казна затвор од 152 години за деветмината имами во Албанија кои регрутирале борци за Сирија и за Ирак.

Image

Албанските медиуми јавија дека обвинителството има докази дека обвинетите во 2013 година испраќале Албанци да се борат на страна на радикалните групи. Во обвинителниот акт, ги товари за учество во терористички акции и финансирање на терористички активности и поттикнување  омраза. За имамот Генц Бала се бара 20 години затвор, колку и за Гент Пашаи и Бујар Хиса. За другите шестмина е побаран затвор од 15 до 18 години.

Сите обвинети се во притвор, а Муслиманската верска заедница во Албанија, на самиот почеток на апсењето, информираше дека поголемиот дел на имамите се самонаречени имами.