Уапсени шест џихадисти осомничени за планирање напади врз свингерски клубови во Франција

Пет мажи и една жена, пред да заминат во Сирија за да им се приклучат на тамошните џихадистички групи, се осомничени дека подготвувале напади врз свингерски клубови во Франција, а уапсени се во вторникот во областа на Лион, соопштија судски извори.

Image

Пет мажи на возраст меѓу 22 и 37 години, и жена на 20 години, се притворени во рамките на антитерористичка истрага, според неименуван судски извор на AFP. Осомничени се дека сакале да дојдат до Сирија, како и дека веќе имале набавено автобуски билети за Истанбул преку Бугарија, истакнал.

Во текот на претресите не е пронајдено оружје, но потрагата продолжува и треба да бидат истражени нивните информатички и телефонски врски. Притворот, според француските закони, може да трае 96 часа пред евентуалното сослушување пред судиите за антитероризам.

Во заднина на истрагата, отворена на почетокот од декември, една информација во врска со оваа грипа предупредувала на планови на некои од осомничените околу „насилни дела“ во Франција, „особено врз свингерски клубови“, рекол изворот потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави телевизијата BFMTV. „Меѓутоа, тие елементи уште не се поткрепени во рамките на истрагата во оваа фаза“, рекол соговорникот на агенцијата.

Според него, некои од осомничените им биле познати на разузнавачките служби поради припадност на радикално исламистичко движење, но никогаш не биле осудувани за такви дела.